16 Април, 2024
0.0253

РЕАЛНИ ВЕТУВАЊА ИЛИ ПРЕДИЗБОРНИ ТРИКОВИ

Сточните пазари сардисани од јазлеста кожа-Обештетени мал број сточари?

Објавено во: Агробизнис 15 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Пустош и клуч на сточните пазари беше сликата и последиците од  ширењето на болеста јазлеста кожа која во изминативе неколку месеци зафати поголем дел од земјава а најкритично беше во источниот регион.

Љупчо Николовски во изјавата за медиумите денеска вети дека ќе инстистира, сите сточари кои претрпеа штети да бидат обештетени соодветно и без селекција, „како што знае да прави оваа власт“.

Според неговите сознанија исплатата е направена на многу мал број сточари а сумата воопшто не е соодветна.

„Се пресметува штета само по угинато говедо, а не загубите што ги имаат на млеко и месо.  Од април алармирам. Власта направи многу грешки. Прво не ја сфатија сериозно состојбата со болеста. Доцнеа вакцините за добитокот. Поради ова, болеста се прошири на повеќе жаришта. Штетите се илјадници угинати говеда. Ја кријат точната бројка. Власта цели 5 месеци доцни и со надоместокот на штетите.

Доведена е во прашање елементарната егзистениција на сточари“, изјави Николовски.

Тој порача власта целосно да ги обештети сите сточари а да не се пазарат за се пазарат за политички предизборни и изборни цели. 

Од МЗШВ па велат дека сточарите ќе бидат обештетени со 150 милиони денари.

Проценетата вредност за обештетување на сточарите е околу 150 милиони денари кои се обезбедени од Агенцијата за храна и ветеринарство и до крајот на годината сточарите ќе бидат обештетени.

„Сакаме да ја потсетиме јавноста дека министерот Михаил Цветков и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски минатата недела учествуваа на министерската  конференција за болеста јазлеста кожа која се одржа во Република Бугарија. На конференцијата организирана од Министерството за земјоделство и храна на Република Бугарија во соработка со Европската комисија, присуствуваа делегации од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Грција, Унгарија, Израел, Италија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Турција и од Украина, како и еврокомесарот за здравство и безбедност на храна, Витенис Андриукаитис. На оваа конференција беа донесени заклучоци кои практично Република Македонија ги има веќе спроведено, односно целосна вакцинација на добитокот и годишна ревакцинација до уништување на болеста. Од еврокомесарот за здравство и безбедност на храна добивме уверување дека ќе бидеме финансиски поддржани за досега преземените мерки, како и за идните мерки за искоренување на оваа болест.  Исто така сакаме да ја информираме македонската јавност дека нема никаква опасност од консумирање на месо, млеко и нивни преработки добиени од вакцинирани животни“, стои во реакцијата на МЗШВ.

Оваа тропска болест првпат се појави во Македонија и воопшто во Европа и интензивно се ширеше. Болеста јазлеста кожа кај животните е вирусно заболување и не постои ризик по здравјето на луѓето. Месото и млекото не се опасни, а човекот може да ги употребува бидејќи болеста ги напаѓа само говедата.

Можеби ќе ве интересира

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?