29 Март, 2024
0.0256

Стојанче Ангелов: КАТЕГОРИЧНО “НЕ“ ЗА ДВОЈАЗИЧНИ (ТРОЈАЗИЧНИ) УНИФОРМИ

Објавено во: Македонија 12 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Стојанче Ангелов кој повторно ќе работи во Министерството за внатрешни работи се спротиставува на идејата за примена на двојазични полициски униформи.

- Од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година полициските униформи се ДВОЈАЗИЧНИ, напишани на кирилица на македонски јазик (ПОЛИЦИЈА) и на латиница на англиски јазик (POLICE). Не верувам дека во Македонија, дури и во најзафрлените планински села, постои човек кој не умее да го прочита и разбере зборот ПОЛИЦИЈА или зборот POLICE.

Со предлог законот за јазици се предвидува униформата на македонската полиција да стане тројазична односно, покрај на македонски и англиски, истата да биде напишана и на албански јазик.

Од професионален полициски аспект исто како и од аспект на реалните потреби на македонските граѓани, не постои ниту една единствена, практична но воедно и чесна причина кон Република Македонија, која го оправдува користењето на албанскиот јазик на униформите на македонската полиција. Причините поради кои албанскиот политички фактор инсистира а дел и уценува за користење на албанскиот јазик на униформите на македонската полиција се од сосема поинаква природа.

Затоа, уште еднаш, категорично “НЕ“ за употреба на албанскиот јазик на униформата на македонската полиција, напиша Ангелов во објава на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата