24 Април, 2024
0.0262

Стојанче Стоилов ги поддржа активностите на кампањата Јас внимавам

Објавено во: Мои пари 21 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Со поддршка на последната активност, ракометарот и репрезентативец Стојанче Стоилов се приклучи кон кампањата Јас внимавам чија цел е подигнување на свеста за потребата од поголема безбедност во сообраќајот. Кампањата, која компанијата ОКТА ја започна во март годинава, активностите за овој месец ги насочи на темата „Се грижам за безбедноста на пешаците во сообраќајот“. Стоилов со својот личен пример и влијание како популарен спортист во наредниот период ќе ги промовира во јавноста пораките од кампањата со цел да придонесе кон унапредување на сообраќајната култура во земјава.


При запознавањето со кампањата ми беше укажан податок дека во 2016 година поради грешки на пешаци се случила дури 161 незгода со потешки последици и тоа треба да биде причина да се испрати апел до сите учесници во сообраќајот. Возачите да застанат на пешачки премин и да дозволат пешакот безбедно да премине, а пешаците да преминуваат на обележан премин и да не претрчуваат каде било. Со ваквото однесување, кога возрасните ќе ги почитуваат пропишаните сообраќајни правила, ќе бидат соодветен пример од кој ќе учат и децата, со што ќе се придонесе кон подобрување на севкупната сообраќајна дисциплина. Сообраќајните патишта се за сите, ни припаѓаат на сите нас, возачи, мотоциклисти, велосипедисти и пешачи и затоа сите треба да внимаваме, бидејќи подеднакво носиме одговорност за безбедноста на сите учесници во сообраќајот“, изјави Стојанче Стоилов.


Националната кампања Јас внимавам, која секој месец ги потсетува граѓаните дека секогаш треба да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, и овој пат ги наградуваше со вредносни ваучери за гориво од компанијата ОКТА, совесните возачи кои ги пропуштаа пешаците безбедно да преминуваат улица на обележан пешачки премин.


Кампањата, создадена од ОКТА во соработка со Министерството за внатрешни работи со својата сеопфатност на актуелната проблематика, досега доби поддршка од голем број јавни личности и граѓани. Активностите од кампањата се насочени и кон едукација на најмладите учесници во сообраќајот. Компанијата ОКТА преку донации во основните училишта на едукативни сообраќајни полигони, дистрибуција на боенки на тема основни сообраќајни правила за децата, како и изведување театарска претстава што претставува симулација на сообраќајни ситуации со кои децата најчесто се соочуваат, има за цел да даде свој придонес кон подобрување на сообраќајната едукација на најмалите, а со тоа и зголемување на нивната безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка