20 Април, 2024
0.0272

Стојаноски: Ќе има целосна правна и историска ревизија на прогонот на СЈО

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе има ревидирање на, како што велат, целиот политички прогон што го прават СЈО и СДСМ и правно и историски и потенцира дека граѓаните кај СЈО не гледаат способност и објективност, туку непотизам, неспособност и целосна партиска инструираност.

– СЈО продолжува да работи под диктат и да ја копира матичната партија СДС кога се работи за неодговорноста, нетранспарентност и кадровската непотистичко партиска политика. СЈО потроши 4 милиони евра народни пари за да работи на политички прогон на функционери од ВМРО-ДПМНЕ и да вдоми партиски војници од СДС, деца на партиски функционери, внуци и роднини. Сега без срам отвораат нов оглас со кој ќе ангажираат за огромни хонорари и плати повторно уште некој внук или ќерка, шарен револуционер или твитер лик, рече Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ во денешната изјава дадена пред СЈО.

Иако се фалат, нагласи, со транспарентност тие се во суштина нетранспарентни и неотчетни затоа што не се потрудија да дадат одговор на јавноста за сериозните основи на сомнение дека и со овој оглас „повторно ќе вработат роднини, внуци, партиски активисти, комичари, твитерџии или пак новинари“.

– Јасно е дека овие 30 новоангажирани партиски војници од СДС ќе продолжат со хајката во која немаат ниту еден правен аргумент, туку само директива да ја дефокусираат јавноста од погрешните политики, од продавањето на државните и национални интереси, од погрешните и штетни политики. Ниту 300 нови вработувања во СЈО нема да може да им помогнат да направат едно издржано обвинение од проста причина што немаат правни аргументи, а уште помалку правна основа за тоа, посочи Стојаноски.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра