20 Април, 2024
0.0294

Столтенберг ја извести Шекеринска за нов напредок во НАТО

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со писмо ја информираше министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека е прифатено барањето на владата, Република Македонија да биде дел од Програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната.

Во писмото до министерката Шекеринска, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, вели дека е добредојдено барањето на нашата држава за приклучување кон оваа програма и дека во следниот период тим од Секторот за политички прашања и безбедносна политика на НАТО ќе организира студиска посета на Македонија за утврдување на поддршка која е потребна.

„Врз основа на успехот на програмата досега, убеден сум дека таа ќе ги зајакне вашите институции за образование во одбраната, особено вашата Воена Академија. Образованието е критичен фактор на трансформација и нашата соработка во оваа област ќе ги поддржи и унапреди вашите напори за реформи во одбраната“ – стои во писмото од генералниот секретар на НАТО.

„Со нетрпение ја очекуваме нашата засилена соработка и продолжувањето на нашата дискусија за време на вашата посета на седиштето на НАТО во Брисел на 27 септември“  – стои во писмото од генералниот секретар на НАТО Столтенберг до министерката Шекеринска.

Програмата за унапредување на образованието во одбраната е моторот зад реформите во одбраната, давајќи соодветна практична поддршка на земјите во развојот и реформите на нивните професионални воено-образовни институции. Таканаречената ДИП-програма (DEEP – Defence Education Enhancement Programme) од 2013 досега има организирано над 680 настани и има ангажирано над 1240 експерти од Алијансата. Оваа програма е под водство на Соединетите Американски Држави, Канада, Словачка, Шпанија, Швајцарија, Чешка, Франција, Италија, Литванија, Полска, Бугарија, Романија, а поддржана од сите земји-членки на Алијансата и конзорциумот на Партнерството за мир. Сега за прв пат пристап до програмата добива и Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите