СТОП КАЈ ЕВЗОНИ: 10 часа Грција не пушта товарни возила-блокирани над 70 камиони
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2017
Повеќе од десет часа над 70 товарни возила се заглавени на границата со соседна Грција.
Причината за непропуштање на преминот кај Евзони се лошите временски услови и отежнато движење на сообраќајот.
Како што информираат полициски извори сообраќајот е блокиран од ноќеска од два часот по полноќ при што се блокирани над 70 тешки товарни возила.