16 Април, 2024
0.0232

Стопанска банка Битола со загуба од 4,2 милиони евра

Објавено во: Финансии 30 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Во првите девет месеци од годинава Стопанска банка Битола  има бруто загуба од 4,2 милиони евра. Овие неагативни финансиски показатели се резултат на влошеното кредитно портфолио на Банката, при што банката имаше обврска да оствари повисок процент на резервации односно изврши поголема исправка на на вредностите на кредитите и другите пласмани и пребарувања. Од Банката посочуваат дека интензивно работат на наплата на нефункционалните кредити и на реализација на превземениот имот.  Појсануваат и дека во најскоро време ќе финализира започнатата постапка за реализација на заложното право од ненаплатени побарувања на поголем имот од кој Банката ќе генерира позитивен финансиски  ефект од 1,9 милиони евра  од кои околу 529 илјади евра со наплата на камата а 1,4 милиони евра со ослободување на исправката на вредност од наплата на нефункционалната главница. “Со ова тековната загуба на банката ќе се намали и ќе се сведе на 2,2 милиони евра а до крајот на годината се очекува истата драстично да се намали како резултат на вонредни приходи од наплата на на други нефункционални  кредити и реализација на превземениот имот“ , стои во финансискиот извшетај на Стопаснака банка Битола објавен на берзата. Приходите од камати се намалени во однос на минатата година во истиот анализиран период односно првите девет месци од годинава. Приходите од камати изнесуваат 1,8 милиони евра (11.007 илјади денари ) и во однос на лани се намалени за 28 проценти. “ Тоа е заради имобилната актива која во скоро време се очекува да се претвори во каматоносна актива, а расходите од камати се намалени што е позитивно имајќи ја во предвид зголемената депозитна база на во билансите на Банката “, објаснуваат од Стопанска банка Битола. Пад има и кај нето приходите од провизии но во банката посочуваат дека развиваат нови услуги со кои очекуваат да оствраруваат некаматаностни приходи.  Во првите девет месеци од годината банката од провизии има нето приход кој изнесува нешто повеќе од 422 илјади евра (25,963 илјади денари) што во однос на минатата година е намалување за 20 проценти.   Стопанска банка Битола – неревидиран финансиски извештај
  • Загуба                                                                                                                             4,2 мил.евра
  • Загуби поради оштетување кај дадени кредити и вложувања    3,8 мил.евра
  • Приходи до камата                                                                                                1,8 мил. евра
  • Приходи од провизии                                                                                            422 илј.евра
  Наташа СТОЈАНОВСКА    

Можеби ќе ве интересира

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

И „МАРТИНС“ ВО ПРОБЛЕМИ: Акциите на познатиот производител на обувки достигнаа историски минимум

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ХРВАТИТЕ СЕ ПЛАШАТ ДЕКА НИВНАТА СЕЗОНА ЌЕ ПУКНЕ: Туристите веќе почнаа да ги избегнуваат во широк круг, еве зошто се толку огорчени!

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

ПАЃААТ И ЕВРОПСКИТЕ И АМЕРИКАНСКИТЕ БЕРЗАНСКИ ИНДЕКСИ: Цената на нафтата над 90 долари за барел, цената на златото падна

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

КОГА НА ДРЖАВАТА Ѝ ТРЕБААТ ПАРИ, ДОМАШНИТЕ БАНКАРИ ТРИЈАТ РАЦЕ - ново задолжување од 50 милиони евра, еве колкави се каматните стапки

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ДАЛА „ЕР СРБИЈА“ ЗА ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Сумата е со повеќе нули

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

ОТВОРЕН БАЛКАН: Ова се петте најбарани позиции во Белград, еве што нудат работодавците и кои услови бараат да ги исполните

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?

НОВ ПАД НА ПОПУЛАРНАТА КРИПТОВАЛУТА: Еве кои влади поседуваат најмногу биткоини, има ли на пазарите оптимизам?