25 Април, 2024
0.0266

Стопанска Банка Битола: за штедење во евра – камата однапред !

Објавено во: Финансии 23 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Штедете во евра – каматата ќе биде исплатена однапред. Стопанска Банка – Битола со нова понуда за потенцијалните штедачи. На пазарот го лансираше пакетот  “Депозит со антиципативна исплата на камата во ЕУР на 12 месеци“. Граѓаните што ќе одлучат да штедат по овој модел, каматата ја добиваат однапред. Според правилата на Банката, станува збор за девизен депозит во евра. Минималниот штеден влог треба да изнесува најамлку 100 евра. Периодот на орочување е 12 месеци, односно една година. Банката пресметува фиксна камата за штедниот влог од 3% на годишно ниво. “Станува збор за пропорционална метода за пресметка на камата. Таа ќе се исплаќа антиципативно,  првиот работен ден во следниот месец од месецот на орочувањето на парите. Минималниот влог не може да биде помал од 100 евра и во текот на периодот на ороченост тој не може да се надоплнува, но клиентот, доколку сака паралелно може да орочи и друг депозит. Предноста е во тоа што каматата е фиксно утврдена и дека таа се исплаќа веднаш, односно првиот ден во следниот месец по орочувањето“ – објаснуваат од Стопанска Банка – Битола. Од таму велат дека доколку клиентот сака да изврши  разорочување на депозитот ќе мора да плати  еднократен фиксен износ во вредност од 3.000 денари. “Депонентот не може да располага со орочениот штеден влог пред истекот на договорениот рок на орочување. Во случај на потреба на Депонентот, може да поднесе писмено барање за предвремено разрочување на средствата од депозитот за исклучителни случаи, за итни и вонредни потреби, во тој случај Банката ќе го разорочи депозитот со тоа што на Депонентот ќе му ја исплати разликата, намалена за однапред исплатената камата и воедно ќе му наплати и надомест за разорочување на влогот“ – велат од битолската Стопанска Банка.

Можеби ќе ве интересира

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ