29 Март, 2024
0.0248

Стопанска Комора на Северозападна Македонија и KARIERA.mk со нова платформа за развој за човечки ресурси

Објавено во: Мои пари 28 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

На 27 декември 2016 година, во просториите на СКСЗМ се потпиша Меморандум за соработка помеѓу СКСЗМ и сервисот за развој на човечки ресурси KARIERA.mk. 

 Оваа соработка има за цел промовирање, развој и континуирана едукација од областа управување и развој со човечки ресурси, а во согласност со заедничките интереси и меѓусебната соработка на двата субјекти. СКСЗМ и KARIERA.mk заедно ќе соработуваат во интерес на развојот на процесите за обезбедување на работна сила за членките на Комората и промоција на светските стандарди во управувањето со човечките ресурси. 

 Во претстојниот период ќе се врши размена на искуства и најдобри практики за успешно спроведување на процесот за регрутирање и селекција на кадидати за вработување преку гостувања на претставници од KARIERA.mk во едукативните настани кои ги спроведува Комората. “Човечките ресурси се најважниот капитал на секоја фирма или организација, создавањето, управувањето и надградбата на човечките ресурси преставува сложен процес кој треба да следи повеќе фази на развој. СКСЗМ ќе настојува на своите членови да им овозможи што помодерни решенија за човечки ресурси, кои се воедно и тренд во западните земји, пред се за брза реакција кон организациските потреби за раст, потребите на пазарот, конкурентноста, иновациите и проширување на нивните бизниси” изјавува Фатмир Битиќи, извршен директор на СКСЗM. 

Со соработката, истотака се предвидува и организирање на заеднички специјални настани, обуки, саеми; Учество на вработени од компаниите-членки во Комрата на порталот KARIERA.mk преку колумни, интервјуа и други информативни статии на теми поврзани со професијата човечки ресурси; Ефикасно информирање за достапните пракси и стипендии кои се нудат од членовите на комората; Учество во останати заеднички проекти, и тоа: истражувачки проекти, промотивни проекти, продукциски проекти, проекти за развој и професионализација на професијата човечки ресурси. „KARIERA.mk е веб сервис кој произлезе како синергија на тимови со 10 годишно искуство во областа на вработувањето и во областа на модерните ИТ решенија. 

KARIERA.mk нуди преглед на актуелните огласи за работа во Македонија, достапните пракси, стипендии и останати можности за неформално образование со што цели да стане централно место кое ќе помогне за унапредување низ кариерата. Различни не прави фактот што нашите содржини и огласи се споделуваат на веб страни кои имаат над 12 милиони прегледи месечно, на најголемите страни на социјалните мрежи, како и на таргетиран newsletter од преку 100.000 членови.„ – изјавуваат Норик Селими и Ѓорѓи Какашевски, основачи на сервисот. 

СКСЗМ ќе настојува на своите членови да им овозможи што помодерни решениа за човечки ресурси, кои се воедно и тренд во западните земји, пред се за брза реакција.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија