28 Март, 2024
0.0277

Стопанска комора: Владата да ја забрза имплементацијата на иницијативите на бизнисмените

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Владата да ја забрза имплементацијата на иницијативите на бизнисмените, побара денеска од Стопанската комора.

Оценка на Комората е дека постои силна волја од Владата за соработка со бизнис секторот и партнерството е веќе воспоставено, но сепак е потребна ефикасност во процесот на донесување на законските измени кои се однесуваат на бизнисот.

„Има реални потреби за подобрување на комуникацијата, не само на највисоко ниво, туку на оперативно ниво (со министерствата и со другите органи на управата), што ќе биде во насока на поттикнување на ефикасноста и ажурноста на јавните и на државните службеници и намалување на административните бариери, бидејќи без брзи и ефикасни административни постапки, без намалување на бирократизацијата и без професионална администрација, не може да одиме напред и да очекуваме брза реализација на нашите иницијативи кои се во интерес на унапредување на деловната клима во државата“ - изјави директорката во Стопанска комора, Елена Милевска Штрбевска.

Таа информира дека од јуни до крајот на 2017 година, Комората поднела 19 иницијативи до Владата. Сите се прифатени и во тек на реализација, но само една е завршена.

Иницијативите кои ги предложиле бизнисмените главно се однесуваат на законски измени кои би го олесниле работењето на компаниите, а клучни меѓу нив се оние кои се однесуваат на даночниот режим, измените на законот за ДДВ во однос на трансферот на пари, потоа законите за нотаријат и извршители, како и законите за трговија, градежништво и законот за индустриски емисии.

За дел од нив, се бара внимателност при имплементацијата на европските стандарди во услови кога технологијата на процесот на производството во компаниите не може да го реализира тоа.

Од Комората очекуваат дел од иницијативите да бидат завршени наредните месеци.

Оценка на Комората на владиниот План за економски раст е дека генерално ги содржи мерките предложени од компаниите.

„Планот за економски раст, дефиниран преку три столба, има за цел остварување на поголем економски раст преку поддршка на компании кои се во добра кондиција и истовремено може да испорачаат уште поголеми позитивни резултати - нови вработувања, нови инвестиции, како и зголемување на извозните потенцијали на македонското стопанство. Но очекуваме мерките побрзо да се операционализираат во практиката“ - рече Милевска Штрбевска.

Од Комората велат дека освен анализата која ќе ја прават на имплементирањето на нивните иницијативи, на секои три месеци од Влатата очекуваат анализа и пресек на реализацијата на капиталните инвестиции.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат