25 Април, 2024
0.0461

СТАВ Халили

Стопанството не трпи политичка незрелост, платите почнаа да доцнат!

Објавено во: Економија 18 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Стопанството повеќе не може да трпи политичка незрелост,  вели за Фактор економистот Арбен Халили. Според Халили, првите знаци на економска дестабилизација се појавуваат во самиот факт што бројот на компании кои што не може навремено да ги подмируваат платите спрема вработените во предвидениот законски рок, се зголемува. Тоа значи дека ист ќе биде ефектот и во полнење на државната каса.

Политичката криза  со која  повеќе од две години се соочуваме, претставува еден од најголемите предизвици  не само за политичкиот поредок, туку пред се за економската стабилност  на  земјава.  Фактот што од земја лидер во регионот, за само две години,  стигнавме на дното на листата споредбено со соседните земји, како земја  со недостаток на демократијата и пред се од земја реформатор, станавме земја политички нестабилна. Сето ова не остана незабележено и од меѓународните финансиски институции. Посебно последниот економски извештј на Светската Банка,  многу јасно укажува на фактот дека  и економскиот раст нема да биде поголем од  2,8%, иако лично сметам дека нема да надмине 2,6%, особено ако се продолжи со сегашната нејасна политичка состојба.

Во време кога капиталот се смета за подвижна материја,  загрижувачки е фактот што домашните компании веќе подолго време имат застој во своите инвестициони проекти. Ова е директен резултат на негативниот ефект што политичките чинители  ја наметнаа.  Кога стопанството не може да ги спроведе своите проекти, тоа подразбира дека истото ќе се одрази и на Бруто домашното производство, вкупниот извоз, а без сомнение и на степенот на вработувањата. Не може да проектирате економски развој на една земја, ниту пак најмалку економски раст, ако истото не е спремно да го постигне стопанството. Во моменти кога стопанствениците не се чуствуваа т удобно во својата земја, и доколку кризата и понатаму се продлабочува, единствената мотивација за ефтина работна сила, повеќе нема да биде одлучувачки фактор за  капиталот и понатаму да биде мета на политичка несигурност во земјата.  Секоја компанија посакува и е насочена кон развој, но за тоа да успее треба да се  исполнуват неколку услови. Македонија  за жал во секој нов извештај на финансиските институции, пред се на Светската банка  и на ММФ, без да се исклучуваат и Агенциите за мерење на рејтиг, ќе биде претставена како земја со висок политички ризик и со мали услови за развој на бизнисот.

Стопанството повеќе не може да трпи политичка незрелост. Првите знаци на економска дестабилизација се појавуваат во самиот факт што бројот на компании кои што не може навремено да ги подмируват платите спрема вработените во предвидениот законски рок, се зголемува. Тоа значи дека ист ќе биде ефектот и во полнење на државната каса.

Поради тоа , под итно мора државните институции да профункционираат,  системот на правото кој што ќе обезбеди сигурност за економијата и потенцијалните инвеститори, се клучни и одлучувачки за тоа што иднина не чека сите заедно.


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија