26 Април, 2024
0.0267

Стопирана продажбата на тутунот во велешко

Објавено во: Агробизнис 20 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Триесет тони тутун скапуваат по амбарите во општина Лозово. 

Ова се случува откако Струмица табак го затвори откупниот центар. Тутунарите велат дека иако имале  договори со нив да произведуваат квалитетен тутун басмак, за чие производство вложиле многу пари,  сега нема каде да го продадат.

Тутунарите посочуваат дека се било добро до Нова година, кога од Струмица табак им кажале дека ја изгубиле лиценцата и нема да продолжат со откуп на тутун.

Други откупувачи се понудиле да го преземат тутунот, но тие го проценувале под класа. Наместо прва или втора класа, го проценуваат како трета и четврта. Цената не одговара и велат дека нема да го вратат ниту она што го вложиле. Раскажуваат дека на овој начин ќе изгубат по 150 денари на килограм. 

Од Министерството за земјоделство одговараат дека веќе имале состанок со откупувачите, кои изразиле заинтересираност да го откупат целиот тутун.  Оттаму велат дека цената е утврдена со закон и дека незадоволните тутунари треба да реагираат во инспекцијата.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади