28 Март, 2024
0.0243

СТОРИЈА: Од „момче за сè“ до милијардер!

Објавено во: Стил 09 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Откако Егон Жоао да Силва почнал да заработува пари како „момче за сè“ во еден мал град во Јужен Бразил, населен главно од европски имигранти поминатото е доста време , пишува Forbes . Силва имал само 13 години во тоа време , но набргу потоа се преселил на подобро работно место како банкарски службеник. Потоа во 1957 година , откако веќе има 14 -годишен стаж во банка , тој станува партнер во мала компанија со осуммина вработени, а која се занимавала со производство на ауспуси. Четири години подоцна , компанијата веќе има 150 вработени , а Силва решава да замине, за да се соочи , како што тој го нарекува со " најголем предизвик во кариерата . " Силва , заедно со Вернер Рикардо Вог и Џералд Вернингхус ја основа WEG SA , која почна да произведува електромотори , а денес се занимава и со производство на електрична опрема и компоненти. Компанијата е меѓу најголемите производители на електромотори во светот , произведува околу 68 000 на ден , или неверојатни 11,5 милиони годишно. Вработените на компанијата бројат 27 000 во целиот свет , што ја прави WEG SA една од најголемите работодавци во овој сектор. Што се однесува до предизвикот на Силва и неговите партнери , ризикот дефинитивно им се исплати . На 5 декември бразилската јавна компанија има пазарна капитализација во износ 8.46 милијарди долари . WEG S.A. е контролирана од Силва , Вог и Лилијан Вернингхаус , вдовицата на Џералд Вернингхаус , кој починал во 1999 година. Тројцата поседуваат 50.1 % од компанијата преку холдинг-компанија WPA Participacoes e Servicos SA , чија сопственост е поделена подеднакво помеѓу нив. Акциите на компанијата поскапеле за 15 % во изминатата година. Нивните удели од по 16 % ги прават милијардери , а  статусот на секој од нив се проценува на околу 1,4 милијарди долари. Во моментов 84-годишниот Силва не се занимава директно со управувањето на бизнисот и е застапен во одборот на директори на компанијата од својот син Деси да Силва . Вог кој има 83 години , сака да чита и да свири на кларинет . Вернингхаус кој ја започна својата кариера на 14 години како чирак во работилницата на својот татко , а студирал механика,  исто како Вог служел во армијата . Тој ја напуштил раководната позиција во WEG SA , за да започне политичка кариера и станува градоначалник на Жарагуа до Сул каде е седиштето на WEG SA. Вернингхаус умира во сообраќајна несреќа во 1999 година, а уделот во компанијата го наследи неговата сопруга Лилиян . Силва и Вог потекнуваат од скромни семејства и се познати по тоа дека бегаат од медиумите и се концентрирани исклучиво на работа. Во реткото интервју за списанието DOM пред четири години Силва вели: „Луѓето се подобро подготвени во интелектуалниот однос, но вистинскиоте дарби остануваат исти: одлучност , посветеност , дисциплина и самооткажување . Човеквреди да се замисли врз овие зборови од „момчето за сè “ што подоцна станува милијардер, пишува Форбс.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи