Стотина луѓе на Јадранот нудат бесплатно сместување
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2017
Луѓе на Јадранот нудат бесплатно сместување за семејства кои имаат деца со пречки во развојот.
Само за две недели од отворање на групата „Изнајмувачи со срце“, има 5000 членови и стотина сопственици на апартмани кои нудат бесплатно сместување.
„Во рок од 10 минути од објавување на постот ми стигнаа многу пораки и апартманот е полн со октомври, а сега го чекаме и првото семејство“ - вели Габриел Талиќ кој со години се занимава со хуманитарна работа.
Ќе прими 10 семејства од разни делови од БиХ, Мостар, Сараево, Бања Лука.
И други издавачи на сместувачки капацитети велат дека ниту момент не се двоумеле за да се вклучат во оваа хумана акција.