Странци ги „окупираат“ српските села, куќите за багателни цени
Објавено во: Балкан 31 Декември, 2016
Во Србија Руси, Бугари, Турци, Французи купуваат куќи.
Нивните цени се движат од 2.000 евра во југоисточна Србија до 20.000 евра во Бачка.
Странците велат дека сакаат мирен живот во тишина.
Во Србија има 50.000 напуштени куќи и околу 145.000 куќи во кои моментално никој не живее.
Селата во земјата се со старо население кое е на возраст од 65 години и затоа се среќни што селата ќе заживеат.
Во Војводина веќе има 14 семејства Арапи, кои тука се доселени.
Во период меѓу два пописи во Србија се намалиле жителите на селата за 311.000 жители или за 10.9%.