29 Март, 2024
0.0425

Странците се пожалија: Овде има ниски даноци, ама и законите не се почитуваат!

Објавено во: Економија 28 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Македонија е добро место за инвестирање бидејќи има ниски даноци, но тешката наплата на долговите, бавната администрација, лошата инфраструктура и несоодветното применување на законската регулатива се нешто што им пречи на странските инвеститори. За време на конференцијата „Шанси и ризици за странски инвеститори во Македонија“, во организација на Македонско-германското стопанско здружение, тие побараа законите да не стојат само на хартија туку и практично да се применат и му порачаа на  министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Бил Павлески, дека треба да се подобри правната сигурност, а тендерите да станат потранспарентни. Како што информираше Михаел Шмит,  член на УО на Македонско-германското стопанско здружение, биле спорведена анкетата меѓу 170 нивни членки која  покажала дека ина интерес за инвестирање, но прво треба да се решат проблемите. „Со други зборови што ќе ни  придонесат најниските даноци ако државата не го враќа ДДВ-то, што ќе ни донесе и тоа некој  да добие  регистрација во Централниот регистар или во Судот за четири часа или да добие струја за еден час, ако чека една година за некоја регулатива поврзана со имотите. На тоа можеме да работиме заеднички и мислам дека овие работи не треба да се премолчуваат, туку да се решаваат“,  порача Шмит. Министерот Павлески сепак очекува дека ќе продолжи трендот на германските инвестиции  во земјава , напоменувајќи ги искуствата од  „Дрекслмаер“, „Кромберг и Шуберт“, и „ДМ“. „Сите заштитни документации во однос на привлекување инвестиции меѓу Македонија и Германија се  потпишани,  има ослободување на двојното оданочување, односно создадени се сите услови за подобрување на соработката и на бизнис климата“, истакна Павлески и додаде дека Македонија треба да ја искористи кризата и рецесијата за да привлече странски инвеститори во земјава. Тој најави дека очекува влез на повеќе видови компании од производствениот сектор во земјава, оние од информатичката технологија но и компании што се занимаваат со извоз на услуги и производи.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра