СТРАОТНА СООБРАЌАЈКА: Автобус излета од патот, загинаа над 11 луѓе
Објавено во: Балкан 20 Јануари, 2018
Најмалку 11 лица загинаа, a 44 се повредени во автобуска несреќа што денеска се случи во провинцијата Ескишехир, во централна Турција.
Локалните медиуми јавија дека автобус, кој превезувал ученици кои биле на екскурзија, излетал од патот и удрил во дрва.
Во автобусот имало патници кои од Анкара патувале за Бурса.
Се претпоставува дека возачот ја изгубил контролата врз автобусот.