20 Ноември, 2017
1.3545
    ADIN 550    0%     ALK 7387.5    -0.29%     GRNT 825.36    -0.67%     KMB 2700    -0.04%     MPT 27000.21    -2.81%     MTUR 4101    -8.87%     OHB 4860    -2.8%     OKTA 2753    -2.97%     PPIV 39205    3%     REPL 54600    0%     STB 919.65    -1.62%     STIL 130    0%     TEL 272    0%     TETE 1850    2.78%     TPLF 1607    -2.97%     TTK 812.95    -0.74%     UNI 1905    -0.01%     VITA 7500    0%

Стратешки насоки за развој на македонското земјоделство

Објавено во: Агробизнис, Колумни 23 Август, 2017

Пишува Проф.Д-р. Борис Анакиев

                                             Втор дел

  Свот анализата е ориентирана  кон формулирање на среднорочно видување на предвидените цели – градење (развивање) на одржливото производство кај полно искористување на потенцијалот на земјата.

  Идентификувани потреби (области) за развој

  Продлабочените анализи можат да не донесат до идентификација на потребата за развој и тоа:

  -Модернизација на земјоделското производство, кое ќе обезбеди пораст на конкурентската способност при зачувување на природните ресурси – земја, биодиверзитет  и др.

  -Ефективно користење на ресурсите и премин кон незагадено и одржливо на климатските промени  производство.

  -Билансиран развој на земјоделското производство, како претпоставка  за рационално користење на природните, човековите и финансиските ресурси.

  -Стимулирање на трансфер на знаења и иновации во земјоделството.

  -Зголемувње на капацитетите на системот за обука во тек на целиот професионален живот.  .

  -Поддршка за трансформација на дел од малите стопанства во пазарно ориентирани фармери.

  -Поддршка за консолидација на стопанствата на млади фармери.

  -Диверзификација на стопанската дејност пред се во малите земјоделски стопанства.

  -Развој на земјоделската инфраструктура – наводнување, подобрување на плодноста на почвата, борба со ерозија и друго, со цел пораст на производноста и заштитата на природните ресури.

  -Формирање на групи на производители со цел за економија од голем калибар и приспособување кон барањата на пазарот.

  -Поддршка за вертикална интеграција помеѓу примарното  производство и прехрамбената индустрија.

  Анализата за развој и евентуалното место на нашиот агрокомплекс  во ЕУ и направениот Свот профил се база за формулирање на целите и стратегијата за развој на земјоделството во Македонија.

  Ако визијата за развој на земјата е раст на благосостојбата на граѓаните, тоа целта на земјоделскиот развој би требало да биде: постигнување на прехрамбена сигурност за населението и раст на благосостојбата на производителите во услови на одржливо производство, односно такво кое е конкурентно способно, а во исто време ги чува природните ресурси и животната средина. Достигнувањето на таа цел, бара во општ план реализација на потенцијалот на македонското земјоделство и прехрамбената индустрија со развој на животоспособни стопанства и претпријатија, повисоко искористување на производните фактори (земја, капитал и труд) и производство на квалитетни производи со високо дадена вредност.

  За да се искористат откриените можности поврзани со  растечката побарувачка на храна и приближување до ЕУ, Македонското земјоделство треба да ги искористи силните страни, да ги надмине слабостите и да ги неутрализира можните опасности. Во долгорочен план тоа бара мерки од структурен карактер во посочените погоре области.

Првиот дел може да го прочитате овде...

Можеби ќе ве интересира

Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Николовски: За развојот на земјоделството, клучна е улогата на владините политики за забрзување на евроинтеграцискиот процес

Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство

Владата донесе пакет одлуки за секторот земјоделство

Николовски во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ

Николовски во Јахорина ќе учествува на 11-от годишен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ

Интервју Кирил Станкоски: Оваа година може да очекуваме добар род и реколта со квалитетен тутун

Интервју Кирил Станкоски: Оваа година може да очекуваме добар род и реколта со квалитетен тутун