СТРОГИ КАЗНИ ЗА СТРАНСКИ БОРЦИ: Европскиот парламент одобри нови мерки против тероризам!
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2017
Пратениците на Европскиот парламент денеска одобрија на заседанието во Стразбур нови мерки во борбата против тероризмот кои ќе го третираат заминувањето на странски борци во конфликтните зони како терористичка обука или јавно поттикнување на тероризам.
Новите мерки ќе ги заострат казните за заминување или враќање на странски борци од конфликтните зони, помагање, финансирање, и поддржување на такви акции.
По терористичките напади во Франција, Белгија и Германија, членките на ЕУ побараа појаки антитерористички закони, со кои ќе бидат опфатени поголем број на екстремни акции.
Усвоените мерки ќе бидат применети во наредните 18 месеци во членките на ЕУ.