19 Април, 2024
0.0261

СТРОГИ КОНТРОЛИ: Месото мора има декларција

Објавено во: Агробизнис 22 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Сите продажни објекти и кланици во Македонија се обврзани да продаваат свежо, разладено и смрзнато месо со декларација на која точно ќе бидат назначени земјата на потекло, рокот на траење, нето-тежината, местото на обработка и условите на складирање, информираат од  Агенцијата за храна и ветеринарство, а согласно Правилникот за соодветно декларирање и обележување на месото, донесен кон крајот на минатата година. Оттаму нагласуваат сека било оставено доволно простор и време за прилагодување на фирмите, поради што од оваа недела во тек се интензивни контроли. Сепак појаснуваат од Агенцијата, иако во дел од фирмите биле забележани неправилности, засега тие нема да бидат санкционирани. Според правилникот, доколку месото е увезено, на декларацијата мора да пишува каде е родено, одгледано и заклано животното, неговата старост, да биде назначен кодот на земјата од каде што доаѓа, како и бројот на кланицата.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари