СТРУЧЊАЦИТЕ ШОКИРАА: Луѓето над 40 години треба да работат по три дена неделно
Објавено во: Финансии 09 Септември, 2017
Ако сте над 40 години и имате проблем со меморијата, виновник за тоа е вашата работа.
Неодамна Институтот за применета економија од Мелбурн дојде до интересни податоци.
Додека работа до 30 часа во 40-те години е добра за когнитивни способности, повеќе од тоа штети.
Луѓето кои работат по 55 часа неделно имаат послаби когнитивни функции, за разлика од оние кои не работат или работат помалку.
Заклучокот е дека е најдобро луѓето да работат по 3 дена неделно доколку имаат 40 години и така ќе бидат најпродуктивни.
Научниците велат дека ова е сериозен проблем ако се земе во обзир дека повеќе земји ја креваат границата за пензионирање. Тие тврдат дека скратено работно време може да ги сочува мозочните функции.