23 Април, 2024
0.0310

Струмица-гас: Лажна вест е прес конференцијата на Пишев, да се извини, ќе покренеме кривична пријава!

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Васил Пишев не може со лажни вести да ја манипулира јавноста за да го спаси обвинетиот Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ за направените криминали, велат од  ЈПЕД „Струмица - Гас“. 

Велат дека лага е дека граѓаните на општина Струмица наводно плаќале поскап гас. 

„Вистината е дека само градот  Струмица има реализирано проект за дистрибуција на природен гас. Цената по којашто се набавува гасот е согласно Пазарот на CNG и во овој момент таа е уште пониска од цената врз основа на којашто е доделен распишаниот меѓународен тендер. Лага е дека фирмата не ги исполнува условите за добивање на тендерот. Си Ен Џи системс го доби тендерот за набавка на гас за Ј.П Струмица - Гас во 2016 година, на меѓународен повик за доставување најповолна понуда, во согласност со највисоки стандарди и доставена најниска цена и истиот беше одобрен од бирото за јавни набавки затоа што е во согласност со критериумите и законот.  Посочуваме дека пазарот на природен гас е либерализиран и не е возможно да се фаворизира одредена компанија, ако таа не е способна да реализира ваков тип на снабдување со природен гас. Пишев да се извини во рок од три дена, во спротивно против него ќе биде покрената кривична пријава за лажно пријавување“ - додаваат од ЈПЕД „Струмица - Гас“. 

Зоран Заев и неговите соработници мора да одговараат за криминалот што го направиле, порача денеска Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој  прес конференцијата ја одржа пред Основното Јавното Обвинителство во Скопје и соопшти дека доставува докази до обвинителството за криминал при доделувањето на тендери за гасификација на Струмица.

Според Пишев, јавноста е информирана за скандалот со јавното претпријатие „Струмица - Гас“ и милионските суми кои се одлеале од општинската каса на сметка на Си-Ен-Џи Системс, чиј сопственик е Митко Андреевски, сопартиец на Зоран Заев и претседател на партиската комисија за енергетика, а само со последниот тендер од 2016-та година на јавното претпријатие му е направена штета од 700.000 евра.

Случајот со „Струмица -Гас“ се однесува за наводи за криминал во поделените тендери за набавка на гас од Општина Струмица. Според информациите, ова јавно претпријатие купувало бугарски гас за цена два и пол пати повисока од пазарната, од компанијата Си-ен-џи системс, која е во сопственост на Митко Андреевски, а кој според документите се води како единствен вработен во компанијата, без канцеларии и опрема.

Можеби ќе ве интересира

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи