Струмичкиот карневал- вековна струмичка традиција
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2018
Продолжува долгогодишната традиција на Струмичкиот карневал, која за миг внесува ведрина во градот и ги оттргнува луѓето од секојдневните грижи.
Во стилот на карневалот во Рио, егозитични убавици облечени во најразлични костими го отворија фестивалот. Целата атмосфера ја збогатија и разубавија гостите од Германија кои имаа одличен перформанс.
Интересните рачно изработени костими ја покажаа креативноста која овој народ ја има.
Се избраа принцот и принцезата, а се очекува да дефилираат околу 1700 учесници кои ќе ги разубават струмичките улици.