23 Мај, 2017
0.3410

На средба со Бизнис Конфедерација на Македонија

Струмичките компании ги изнесоа своите потреби за одржлив бизнис

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2017

Искористување на обновливи извори на енергија и инвестирање во развој на патната инфраструктура за ефективно поврзување со источниот и јужниот сосед.Ова се приоритетите за струмичките компании, дефинирани на средбата со претприемачите и менаџерите на малите и средни компании од овој регион, а организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија.

Целта на средбата е унапредување на бизнис климата и создавање подобри услови за работа на локалните компании и беше разговарано за тековните, актуелни проблеми и предизвици со кои се соочуваат компаниите од струмичкиот регион.

Досега одржавме средби со претприемачи од сите пет региони во земјава и заклучокот од средбите е дека компаниите од секој регион се соочуваат со типични проблеми и пречки за понатамошен развој. Соодветно на тоа се создадени и приоритетите врз кои заедно со нашите партнери, компаниите ќе ја градиме понатамошната стратегија за создавање поволна бизнис клима. Она што досега го имаме направено во предлог политиките е одлична основа и одредница што ќе ни користи во понатамошната работа во надградување на концептите за одговорно водење бизнис, поттикнување одржливост на економијата и долгорочен развој на компаниите“, изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.

Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.

Создавањето на предлог политиките, како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Бизнис Конфедерација на Македонија спроведе и одржа серија вакви средби и промотивни настани во повеќе градови и региони од државата, во кои беа вклучени голем број сопственици, претприемачи и менаџери.

Можеби ќе ве интересира

Престижна филмска награда за “Езеро од јаболка“ во Чешка

Престижна филмска награда за “Езеро од јаболка“ во Чешка

Погледнете ја велосипедската оф-роуд тура низ Мариово прикажана со дрон и go pro камера

Погледнете ја велосипедската оф-роуд тура низ Мариово прикажана со дрон и go pro камера

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ОРГАНИЗИРАА ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ

СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА И СОВЕТОТ НА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОРИ ОРГАНИЗИРАА ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН ГУРМАНСКИ ПИКНИК ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО СКОПЈЕ

Воодушевувачки: Биткоинот расте како од вода, докаде ќе оди?

Воодушевувачки: Биткоинот расте како од вода, докаде ќе оди?

Летен саем на книга во Рамстор Мол

Летен саем на книга во Рамстор Мол

Напишана е нова историја на светските берзи! + Бесплатен прирачник за тргување на берза

Напишана е нова историја на светските берзи! + Бесплатен прирачник за тргување на берза

МКЦ преполно по повод Прво па женско

Вашиот принц ве очекува вечерва во Skopje City Mall

Вашиот принц ве очекува вечерва во Skopje City Mall