СТУДЕНО УТРО: Лазарополе се разбуди со 6 степени
Објавено во: Македонија 25 Мај, 2017
Студено е утрово во Македонија, невообичаено за овој период од годината.
Измерени се 6 степени во Лазарополе, 8 во Крушево, 9 во Битола, Претор, Маврово, 10 во Ѓуриште, Крива Паланка, Тополчани, Охрид, Прилеп, Берово, 11 во Пожаране, 12 во Дебар, Тетово, Куманово, Скопје Петровец, 13 во Виница, Штип, 14 во Скопје, Дојран, Струмица, Гевгелија, Демир Капија.
Во Македонија во текот на вчерашниот ден и ноќта имаше слаб дожд. Наврнаа 1 литар дожд на метар квадратен во Штип, Демир Капија, Виница, Охрид, Гевгелија, Струмица, 3 во Пожаране, Маврово, 4 во Тетово, Дојран, Скопје, 5 во Берово, 6 во Крива Паланка, 10 во Тополчани, 12 во Куманово, 16 во Ѓуриште и Прилеп.