24 Април, 2024
0.0264

Студенти се жалат на недостиг на топла вода и струја во студентските домови

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Студентскиот пленум повика на итно реагирање бидејќи во студентските домови, а особено во „Кузман Јосифовски Питу“ постојано снемува струја, а нема ниту доволно топла вода во текот не денот, со што студентите во екот на најсилните студови оваа зима се оставени да се смрзнуваат и немаат елементарни услови за престој и живеење. 

„Министерство за образование и наука додека чекаме нова влада да се формира за да ги објавите списоците на студентите што ќе добијат стипендија, може барем парно и вода да пуштите во студентските домови“, посочуваат од Студентски пленум.

Студентите сместени во студенскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“ веќе неколку дена мрзнат без греење, со има-нема струја и едвај два часа во денот има топла вода, реагираше и пратеникот Стефан Богоев од Социјалдемократската младина.

„Откако власта на ВМРО-ДПМНЕ во заминување најпрво пред изборите ги изжедни студентите од „Кузман“ оставајќи ги без вода, сега пост-изборно ги наградува со сибирски тренинг на издржливост на -20 и со бесплатна обука за учење под свеќа! Шегата на страна, Министерство за образование и наука итно да го реши проблемот уште денес, за да не бидеме приморани ние младите и студентите сами да делуваме и да се солидаризираме“, вели Богоев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП