16 Април, 2024
0.0324

Студентски референдум: Aлтернативен метод на практикување демократија

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Во период кога претставничкото тело  на студентите СПУКМ е нелегитимно избрано, не говори за вистинската состојба на студентите и кога сите формални механизми за учество на студентите се задушени, поради лична корист на мала група студенти, студентскиот референдум, во најпроста смисла, претставува обид на студентите за креирање на алтернативен метод на практикување демократија- вели за Фактор, студентот Огнен Јакасановски.  Референдумот, кој треба да се случи во среда, иако неформален и необврзувачки, според него треба да го канализира гласот на студентите по однос на дилемата какво студентско организирање му треба на УКИМ, до органите кои ќе одлучуваат за тоа, пред се’, Универзитетскиот Сенат.

“Работата на Комисијата за измени на Статутот на УКИМ во делот на студентското организирање, наиде на големи опструкции во работата од страна на членови на Комисијата, кои имаа лична корист од бранење на статус квото, во кое СПУКМ е невладина организација, која може да продолжи со неконтролираното трошење на студентски пари и лажното говорење во името на студентите, без никаков легитимет. Излезниот производ на гореспоменатата Комисија претставуваат два модела, кои ќе бидат предложени на идниот Сенат, а се принципиелно различни: прво  моделот, кој го застапува СПУКМ и претставува само „нашминкана“ верзија на сегашниот Статут, со кој СПУКМ би останала невладина организација и  второ моделот, за кој се залага Студентскиот пленум и дел од професорите од Комисијата, според кој СПУКМ би станал тело во рамките на УКИМ, што ќе овозможи соодветна конрола, по однос на легитимноста, финансиската транспарентност и демократичноста во оваа организација”- потенцира студентот од Пленумот.

Оттука, Референдумот студентите го користат како алатка за истовремено информирање на студентите за ваквите последни настани, како и пренесување на нивниот став, до одлучувачките тела, кои веќе предолго време се „глуви“ за нивните проблеми.

“Сенатот на УКИМ во јуни оваа година, одби да обрне внимание на аргументацијата на Студентскиот Пленум за нелегитимноста на делегатите во Сенатот од редовите на студентите, иако за ова беа приложени доказни материјали од Централниот регистар. Верификацијата на мандатите во Сенатот на студенти, кои немаа никаков легитимитет и беа предложени од организација со истечен мандат беше една од најсрамните одлуки на Сенатот, направена под изговорот на ненадлежност врз СПУКМ и нивните членови”- додава Јакасановски .

Деновиве студентите од Пленумот добиваат подршка од  повеќе колеги, професори, граѓани. Реферeндумот, во суштина, вели  претставува одговор на недостигот од грижа и свесност во академската заедница за последните настани поврзани со студентското организирање на УКИМ. Студентските избори одржани на јуни вели  беа уште еден одраз на монополистичкото и нетранспарентно работење на СПУКМ.

“За потсетување, изборите беа организирани според правилници кои не беа достапни на јавноста, преку промени во Статутот на СПУКМ од страна на претставници со истечен мандат, како и во период надвор од академската година, кога повеќето од студентите не беа во Скопје. Денот на изборите одбележа цела серија на нерегуларности во спроведувањето на изборите, почнувајќи од недостаток на избирачки списоци и гласачки паравани, застарен печат, крадење на гласачките кутии, како и упадот на Единицата за брзо распоредување на универзитетска територија, без никаква дозвола, со единствена цел – да се истераат до крај криминалните избори”- објаснува студентот од Пленумот.

Ваквиот наратив и чувството на ненадлежност на Сенатот, како што вели несомнено испраќа грозоморна порака до студентите, дека секој што ќе се обиде да бара правда и јавно да размислува критички, нема да биде чуен од никој надлежен, и, уште повеќе, ќе си „научи лекција“ од специјалните полициски единици. Затоа според него токму оваа болна вистина ја допира Студентскиот референдум, кој претставува напор за подигање на гласот и учеството на студентите во одлучувањето на УКИМ.

“Преку него, од една страна, сакаме да ги мотивираме студентите дека постои начин да го кажат своето мислење во демократски услови, а истовремено да им пратиме јасна порака на Сенаторите дека е неопходна предложената реформа во студентското организирање. Како студент, без никакво двоумење би рекол дека студентите не се ниту одблизу информирани за правата, условите и можностите кои им следуваат. Проблем е, што ваквата пасивност, на секому му е најлесно да ја препише на инхерентната, вродена апатичност на просечниот студент, кога проблемот е токму спротивното. Студентската критична мисла, веќе години наназад е систематски опресирана, негирана, дисквалификувана и отфрлана, до тој степен што во нашето општество стана „здраворазумно“ дипломата да се гледа единствено, како средство неопходно за влез во пазарот на трудот и остварување финансиска корист”- потенцира Јакасановски.

Покрај бирократскиот лавиринт, додава дека  несомено е присутен и стравот од притисоци, најмногу помеѓу студентите од пониски социоекономски позадини. Студентите, особено оние од пониските години, кои сакаат да го кренат својот глас за проблемите во студирањето и студентскиот стандард, вели многу често се исплашени од можноста да бидат спречени да положат испит и да напредуваат со студиите, како резултат на освета од страна на професор.

“Погледнете го само примерот со давачката за информативни, информатички, културни и спортски активности (ИИКСА), која студентите задолжително ја плаќаат за упис на годината, а во ниту еден договор за студирање не се појаснува за кои цели се користи. Кога ќе увидите како Универзитетот на подмолен начин префрла пари од џебот на Студентите до СПУКМ, организација која повеќето од студентите не ја ни знаат по име, се прашувате себеси дали Универзитетот воопшто постои за да не научи како да живееме, да ни обезбеди интелектуално и културно воздигнување, или пак, се однесува како нечесна, профитно-ориентирана корпорација, чија примарна цел е да го измами потрошувачот со нејасни договори и евтини трикови”- нагласува студентот по фармација.

Во општество каде станува здраворазумно студенти да бидат тепани од специјални единици, каде е сосема нормално студентите да живеат во жалосни услови во текот на студиите, додека мала елитистичка група нечесно се наметнува како нивен претставник и ги краде нивните пари за лична корист,како што вели  не треба ни да не чуди кога општеството гради норматив од вредности како корупција, нечесност, измами и недемократичност. 

Универзитетите според Јакасановски постојат за да ги научат студентите како да живеат и да општат во комплексните процеси на општеството. Но кај нас вели  неретко се зборува за тоа како академската заедница во Македонија е микрокосмос, кој ја отсликува пошироката политичка состојба во државата. Пострашно е додава кога во прашање е образованието, бидејќи тоа не е само одраз на сегашната политичка клима, туку е и аларм за тоа какво општество не очекува и какви политички елити и капацитети градиме за иднината на државата.

“Проблемите на студентите се многубројни за да се наведат овде, но во основа добра основа за нивно испитување е степенот на реализација на Болоњскиот процес во рамките на Универзитетите. Сметам сите основни начела на оваа реформа, како што се студентското учество, мобилноста, унифицирањето на квалификациите, финансирањето на високото образование и др. на еден или на друг начин, се соочуваат со големи предизвици, кои понатаму се одразуваат на студентите. Причината за ова, во голема мера лежи и на нерепрезентативноста на телата кои одлучуваат. Професорите и донесувачите на одлуки во државата не можат да одговорат соодветно на предизвиците, со кои се соочува студентската популација, доколку истата не ја познаваат и не ја вклучат во одлучувањето” – објаснува студентот.

Студентското организирање, во основа, вели има две главни задачи – да претставува веродостоен глас на студентите и нивните потреби и да носи одлуки во нивно име во соодветните одлучувачки тела во универзитетите и државата. Затоа според него контролата на работата на студентските претставнички тела е главниот предизвик за демократичноста во работењето.

“Од една страна, потребна е автономија во работата на овие тела, која ќе гарантира слобода на студентите да одлучуваат за себе, без влијание на универзитетот и надворешни влијанија, а од друга страна, потребно е да се обезбеди контролен механизам за легитимноста, финансиската отчетност и инклузивноста на овие тела. Ваквиот баланс е возможен и двата предуслови не се заемно исклучиви. Предлогот на Студентскиот пленум, кој ќе биде презентиран на Сенатот на УКИМ, предвидува токму вакви измени во Статутот на УКИМ, кои СПУКМ ќе го третираат како тело во рамки на универзитетот, наспроти невладина организација. Со ваквата реформа, Универзитетот ќе има одговорност за легитимноста на студентите, кои одлучуваат во неговите тела, без притоа да ја одземе автономијата во одлучувањето од студентите”- порачува студентот Огнен Јакасановски.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН СЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ И ЗА АЛБАНИЈА: Сезонава се очекуваат над 10 илјади туристи, а нема кој да работи

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ВО ГОЛЕМА ТАГА: Почина неговата мајка, тажната вест ја сподели на социјалните мрежи

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЧАИР ВО ГОЛЕМА ТАГА: Почина неговата мајка, тажната вест ја сподели на социјалните мрежи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагираа по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Србите реагираа по најавите дека Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница

СТОИЉКОВИЌ: Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво

СТОИЉКОВИЌ: Али, Бујар, Таљат, Артан се осудија степенот на непријателството кон Србија и српскиот народ да го подигнат на највисоко ниво

ФУРКАН САЛИУ ДО МВР: Уништувањето на доказен материјал верувам знаете подобро од мене дека е кривично дело

ФУРКАН САЛИУ ДО МВР: Уништувањето на доказен материјал верувам знаете подобро од мене дека е кривично дело

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Гир се надева дека ќе бидат донесени поскоро

УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Гир се надева дека ќе бидат донесени поскоро