26 Април, 2024
0.0312

Студот ништо не им може на есенските посеви под снег

Објавено во: Агробизнис 16 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Снегот кој паѓа позитивно ќе влијае на посевите. 

Тој  ќе ги заштити есенските посеви од ниските температури, велат агрометеоролозите.

Издржливоста на посевите во вакви услови е многу поголема.

Евентуалните штети од измрзнување во овој момент не може да се констатираат се додека не почне пролетното кроење кога не е исклучено и да се корeгираат одредени состојби. 

Во наредните денови нашето поднејбе ќе биде зафатено од воздушни бранови од Медитеранот. Ќе имаме  релативно студено време.

Во среда и четврток ќе имаме нова покривка од 20 до 30 цм снег. 

Температурата ќе се движи од -4 до 4 степени. 

Во петок се очекува стабилизирање и малку потопло време. 


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади