Стурнарас: Борбата со криењето даноци е приоритет за Атина
Објавено во: Балкан 15 Декември, 2012
Стурнарас денеска зборуваше пред учесниците на осмиот конгрес за здравство во Атина на темата „Економија и здравство во криза“.
-Одлуката на Еврогрупата да ни додели 52,5 милијарди евра им стави крај на сценаријата за банкрот, излегување на земјата од евроозната и создава услови за развој и поголема вработеност. Со сигурност тоа што го постигнавме е многу важно, но е прв чекор. Тоа е мост на спасот од нашето поколение, бидејќи ние сме одговорни да стигнеме до тука, кон иднината на нашите деца. Патот останува долг и стрмен, посочи Стурнарас.
Министерот подвлече дека земјата треба да преземе мерки за да заштеди 13,5 милијарди евра и да ја подобри својата конкурентска способност.
Во интервју за денешниот број на весникот „Имерисија“, Стурнарас како приоритети пред Атина ги наброја борбата со криењето даноци, приватизацијата, рекапитализацијата на банкарскиот сектор и усвојување на европски средства.