19 Април, 2024
0.2206

Субрата Рој се обрати во Индија, Љубаниште, Џумајлија и Мајка Тереза останаа во втор план!

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Сахара груп се огласи, смета дека при одлуката на судот за замрзнување на сметките на компанијата не биле земени предвид сменетите околности, односно тоа што дел од долгот кон граѓаните веќе се враќал. „Фактот за враќањето на долгот му беше познат на регулаторното тело. Оттука, денешната наредба не ги зела во предвид сменетите факти и околности“  се вели, во соопштението на Сахара Груп, и се посочува дека замрзнувањето на имоти на физички лица не е коректно, кога станува збор за компанијата. Индискиот бизнисмен се пожали и на дискриминаторискиот однос на Врховниот суд, посочувајки дека во Индија постоеле и други компании што имале одлуки за враќање на долгови, а сметките не им биле блокирани. Сметките на милијардерот се замрзнати бидејќи Врховниот суд во Индија пресуди дека Субрата Рој, преку неговите компании измамиле неколку милиони граѓани со становите што ги продавале. Поради ова  Врховниот суд ја задолжи компанијата да го  врати долгот од 3 милијарди евра со 15 проценти камата за милионите измамени граѓани. Според судскиот налог компанијата на Субрата Рој требаше да ги врати парите во рок од три месеци, а на барање на компанијата дозволено било долгот да се врати на три рати. Сепак според пишувањата не медиумите во Индија, Сахара Груп ја платила само првата рата што е една само една петтина од долгот. Останатите две рати не се платени, поради што следувало замрзнувањето на сметките. Рој е тајкун кој верува дека може да купи секого Не стивнуваат реакциите и во Македонија по блокадата на сметката на Сахара груп, бидејќи во прашање е доведена една од најголемите инвестиции во земјава во поново време. Владини извори за Фактор посочија дека се очекуваат повеќе детали откако ќе се остварат контакти со Сахара Груп. Во меѓувреме порталот Нова објави интервју со индиски новинар кој тврди дека Рој е контроверзен бизнисмен. -Ова што сега се случува, одлуките на врховниот суд претходно, новата одлука за замрзнувањето на сметките, целата таа ситуација само ја изложи пред јавноста нетранспарентноста на бизнисите на Субрата Рој. А, неговите бизниси се секогаш контроверзни. Тој е од оние типови на тајкуни кои веруваат дека можат да купат секого. Од она што го читам и знам за вашата земја, која и не е баш популарна по демократските стандарди, ми личи дека тој е вистинскиот човек за вашата Влада. И само ќе ви речам, ако вашата Влада не е загрижена за судскиот случај против бизнис естаблишментот на Субрата Рој во Индијата, тогаш оставете ги, ќе ја научат лекцијата на потешкиот начин, изјави Гопи Kришнан од дневниот весник “Пионир”, кој како што објави Нова е еден од водечките истражувачки новинари во Индија. Во Македонија милијардерот Субрата Рој, најави изградба на луксузен туристички комплекс во Охрид, според кој Љубаниште ќе личел на Дубаи. Иако, проектот се уште не е официјален и не добил конечно одобрение, доброупатени владини извори потенцираат дека ќе биде неопходна промена на многу закони во земјава за оваа инвестиција. Владата веќе скрои измени на дел од законската регулатива во земјава за која се толкува дека е сторена во интерес на Субрата Рој. Рој пројави интерес и за агрокомбинатот Џумајлија. Овие бизниси во моментов остануваат под прашање, со оглед на отежнатата финансиска состојба на бизнисменот по одлуката на индискиот суд.

Можеби ќе ве интересира

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен