24 Септември, 2017
0.3601
    ALK 7297.6    -0.03%     GRNT 870    -0.99%     KMB 2883.3    -1.59%     KPSS 485    -2.81%     KVAS 10670    -3%     MPT 30201    -2.58%     MTUR 4700    2.17%     OKTA 3300    10%     PKB 14500    0.07%     RZUS 120    -1.64%     SBT 2219.26    -0.89%     STB 938.54    -1.78%     STIL 134    3.08%     TEL 279    -0.49%     TNB 13300    0.4%     TPLF 1601    -0.32%     TTK 776    -3%

Субвенциите за трето дете, не ја спречуваат „белата чума“ во Македонија

Објавено во: Економија 09 Март, 2016

И покрај државните субвенции за трето дете, во Македонија се помалку се раѓаат деца. Податоците покажуваат дека во 2014 година се родиле вкупно 20.890 деца или 6.871 помалку од 2002 година. deca Сепак, субвенциите за трето дете што на семејствата им се даваат во траење од десет години, го зголемила бројот на третородени деца, но истовремено има намалување на првородени и второродени деца, покажала анализата на група истражувачи во рамки на проектот „Фискаст: Градење капацитет и алатки за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Македонија“, спроведен од економскиот институт „Фајнанс тинк“. Но, исто така се посочува и дека бројот на третородени деца има минимален ефект врз вкупната стапка на природен прираст освен во 2009 и 2010 година, кога се исплатуваше и додаток за второ и четврто дете. „Од  2011 до 2014 година, стапката на природен прираст е помала дури и од 2006 година кога била 1.9. Тоа, упатува на фактот дека ефектот од мерката не кореспондира со поставената цел, односно зголемениот број на третородени деца не е доволен да го надомести недостатокот на првородени и второродени деца во вкупниот број на живородени деца“, се наведува во посочената анализа.   deca1 Податоците покажуваат дека бројот на третородени деца во 2014 година изнесувал 3.336, при што може да се забележи дека од 2009 година кога се воведоа субвенции за трето дете, бројот на третородени деца постојано се зголемува, иако пред тоа беше во континуирано опаѓање. deca12 Податоците покажуваат дека се помалку се раѓаат првородени и второродени деца, што значи дека младите се потешко се одлучуваат да имаат прво дете, а оние  кои веќе имаат прво исто така потешко се одлучуваат за второ дете. Во 2014 година се родиле 3.196 првородени деца помалку од 2002 година, а во 2014 година се родиле 1.835 второродени деца помалку од 2002 година. Лани од Буџетот се исплатени 35 милиони евра за родителски додаток за трето дете Во 2015 година од Буџетот на државата биле исплатени 35 милиони евра за родителски додаток за трето дете. „Се очекува овие суми да бележат раст од година во година со зголемување на бројот на третородени деца“, се наведува во анализата. Но, освен овој трошок од Буџетот за оваа мерка, како директен трошок се јавува и родителското отсуство на мајките кориснички на ова право. Сепак, точниот број на мајки кои се вработени и користеле породилно отсуство, не е утврден, и затоа е земен просек дека само  34% од мајките кои користеле паричен надоместок за трето дете, биле и вработени, а со тоа користеле и породилно отсуство од работа. А тој трошок државата ја чинел 6,5 милиони евра во 2015 година. Но, освен ова државата финансираше и кампањи како и песни за потикнување на многудетно семсјтво, кои според пресметките ја чинеле земјава около 500 илјади евра. Субвенциите за третородените деца се даваат во траење од десет години, по што целиот финансиски товар за издржување се префрла на семејствата. „Во однос на индиректните трошоци кои би се јавиле на долг рок се секако трошоците за издржување на децата по 10-тата година кога престанува исплатата за родителски додаток па сé до 18-тата година од животот на (третороденото) дете. Првите ефекти од овој трошок би се јавиле од 2019 година кога првата генерација на третородени деца со право на остварување на родителски додаток би навршиле 10 години. Како ефект од програмата се очекува кумулирано зголемување на бројот на третородени деца, а со тоа и зголемување на трошоците за издржување на овие деца меѓу нивната 11-та и 18-та година кои паѓаат на товар на самите родители, е наведено во анализата. Потребна е стимулација за раѓање на прво и второ дете, но не мора да е финансиска Анализите упатуваат на тоа дека трошоците за оваа мерка во иднина ќе растат со оглед дека се зголемува бројот на третородени деца, а со тоа ќе се зголемува и товарот врз буџетот, па останува отворено прашањето дали ќе биде финансиски возможно да се продолжи со имплементација на мерката дефинирана во овие услови. Затоа се укажува дека мерката трето дете, не ги исполнува целите поради кои е донесена, поради тоа се препорачува таа да биде редизјанирана, но истовремено се отвора и дилемата зошто е укинато правато за родителски додаток за второ и четврто дете. „Препораката е да се редефинира целната група и да се работи на креирање програма за стимулација за раѓање на прво и второ дете, што не мора нужно да претставува директна финансиски надомест“, пишува во анализата. Но, исто така се потенцира и дека популационите политики сами по себе не може да бидат  успешни ако нема поволен амбиент и услови (социо-економски) за раѓање и грижа на децата. „Имајќи ја предвид слабата покриеност на национално ниво со дневни центри за престој на деца и градинки, во Националната стратегија за демографски развој како една од специфичните мерки беше наведена и зголемување на активностите за подобрување на инфраструктурата од овој аспект – понуда на градинки и доделување дозволи за отворање на градинки во рамки на капацитетите (фабрики, компании и сл.)“, се посочува во анализата на група истражувачи во рамки на проектот „Фискаст“: Н.С.      

Можеби ќе ве интересира

Богов го скрати оптимизмот, политичката криза ја стопи економијата

Богов го скрати оптимизмот, политичката криза ја стопи економијата

Видео: Би дозволиле ли да ви го наполнат фрижидерот со храна?

Видео: Би дозволиле ли да ви го наполнат фрижидерот со храна?

Русија го демонстрираше најмоќниот нуклеарен мразокршач

Русија го демонстрираше најмоќниот нуклеарен мразокршач

Има ли реална закана за поскапување на лебот?

Има ли реална закана за поскапување на лебот?

Груевски: Македонија треба да се претвори во нето извозник на електрична енергија

Груевски: Македонија треба да се претвори во нето извозник на електрична енергија

ВМРО-ДПМНЕ ветува работа за сите и невработеност под 10%

ВМРО-ДПМНЕ ветува работа за сите и невработеност под 10%

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО: Европа има бенефити од него, но како да заживее кај нас?

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО: Европа има бенефити од него, но како да заживее кај нас?

ПОТОП НА БЕРЗИТЕ: Препукувањата на Трамп и Ким реагираа на индексите

ПОТОП НА БЕРЗИТЕ: Препукувањата на Трамп и Ким реагираа на индексите

Август бележи раст на побарувачката за кредити

Август бележи раст на побарувачката за кредити