25 Април, 2024
0.0312

Судбината на глобалната економија

Објавено во: Свет 09 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Во Европа е намален ризикот од распад на еврозоната и забраната на пристапот на пазарите на Шпанија и Италија, со минатогодишната одлука на Европската централна банка да го обезбеди суверениот долг. Меѓутоа, клучните финансиски проблеми на Унијата – низок економски раст, рецесијата, губење на конкурентноста и огромните приватни и јавни долгови, се уште не се решени.

Во Европа е намален ризикот од распад на еврозоната и забраната на пристапот на пазарите на Шпанија и Италија, со минатогодишната одлука на Европската централна банка да го обезбеди суверениот долг.

Меѓутоа, клучните финансиски проблеми на Унијата – низок економски раст, рецесијата, губење на конкурентноста и огромните приватни и јавни долгови, се уште не се решени.

Освен тоа, договорот меѓу јадрото на еврозоната, ЕЦБ и периферијата, која вклучува штедење и реформи во замена за финансиска помош, полека се распаѓа, со оглед дека периферијата на еврозоната е уморна од штедење, а земјите како Германија и Холандија се уморни од давање на пакети на финансиска помош.

Заморот од штедењето на периферијата јасно се гледа на неодамнешните избори во Италија, со големите улични протести во Шпанија, Португалија, и на други места и од спасувањето на кипарските банки кое предизвика голем гнев во јавноста. Во целата периферија популистичките леви и десни партии добиваат на сила. Од друга страна, инсистирањето на Германија со банкарски кредитори да се наметнат загуби е најнов симптом на замор од спас во земјите кои се јадро на еврозоната. Останатите членки на еврозоната, сакајќи да ги ограничат ризиците за своите даночни обврзници, потенцираа дека пакетите за спас од страна на кредиторите се вистински пат за во иднината.

Надвор од еврозоната, дури и Велика Британија се труди да го врати растот, додека заморот од штедење ги фати Бугарија, Романија и Унгарија.

Во Кина транзицијата на лидерството помина многу глатко. Економскиот модел и понатаму останува ист, како што поранешниот премиер Вен Џијабао славно го нарече: - нестабилен, неурамнотежен, некоординиран и неодржлив.

Кина има многу проблеми, регионална нееднаквост меѓу крајбрежните региони и централна Кина, меѓу урбаните и руралните региони, премногу штедење и фискални вложувања, а премалку приватна потрошувачка, нееднаквост меѓу растот на доходот и богатството, масивно уништување на околината, при што загаденоста на воздухот, водата и земјата го загрозува здравјето на населението и сигурноста на намирниците.

Новото лидерство говори за продлабочување на реформите и ребалансот на економиите, но и понатаму остануваат внимателни и конзервативни по природа. Освен тоа, моќта на интересните групи кои се противат на реформи на државните компании, покраинската влада и армијата, допрва треба да биде разбиена. Како резултат на тоа, реформите кои се потребни за ребаланс на економијата можеби нема да се случат доволно брзо да го спречат наглиот пад кога идната година ќе се материјализираат вложувањата.

Државниот капитализам во Кина и Русија и делумно во Бразил и Индија т.н. земји на БРИК, стана се повеќе вкоренет, што не е добро за растот. Овие четири земји се пренадувани и другите економии во развој би можеле повеќе да напредуваат во следната деценија; Малезија, Филипини и Индонезија во Азија, Чиле, Колумбија и Перу во Јужна Америка, Казахстан и Азербејџан во централна Азија и Полска во Источна Европа.

Уште поисточно, Јапонија покрена нов економски експеримент за да ја спречи дефлацијата, да го поттикне економскиот раст и да ја врати довербата на работодавците и потрошувачите. „Абеномија“ има неколку компоненти: агресивен паричен поттик од страна на Јапонската банка, фискален поттик за раст на побарувачката, по кое следи штедење во 2014 година за да се намали дефицитот и долгот, притисок за зголемување на номиналните плати за да се поттикне домашната побарувачка, структурни реформи со цел за дерегулирање на економијата и нови договори за слободна трговија, почнувајќи од Транс-Пацифичкиот договор кој има за цел да ја поттикне трговијата и производството.

Меѓутоа, предизвиците се застрашувачки. Се уште не се знае дали дефлацијата ќе биде победена со монетарната политика: прекумерни фискални поттикнувања и одложување на штедењето може да го направи долгот неодржлив, а и структурните реформи како абеномија се нејасни. Освен тоа, тензичните односи со Кина околу територијалните барања поврзани за Источното Кинеско Море, можат негативно да влијаат на трговијата и директните странски инвестиции.

Тука е и Блискиот исток кој останува нестабилен се од Магреб до Пакистан. Турција со млада популација, со потенцијал за економски раст и динамичен приватен сектор сака да стане водечка регионална сила. Меѓутоа и во Турција постојат многу предизвици. Нејзините обиди да стане членка на ЕУ моментално се во застој, а рецесијата во еврозоната го загрозува нејзиниот раст. Нејзиниот моментален дефицит и понатаму е голем, а монетарната политика е многу збунувачка, бидејќи настојувањата за зголемена конкурентност и растот се судира со потребата да се контролира инфлацијата и да се избегне претерана кредитна експанзија.

Додека зближувањето со Израел станува се поизвесно, Турција ја очекуваат тензични односи со Иран и Сирија, а нејзината владејачка исламистичка партија се уште мора да докаже дека може да коегзистира со секуларната политичка традиција на оваа држава.

Дали Америка стана светилник на надежта во ова слабо глобално опкружување? САД доживеаја неколку позитивни економски трендови. Зајакна станбениот пазар, се зголемува бројот на работните места, растот на трудот во Азија и доаѓањето на роботиката и автоматизацијата го препородува производството, а квантитативното олеснување помага и на економијата и на финансискиот пазар.

Но, ризиците и понатаму се присутни. Невработеноста и станбените долгови и понатаму се многу високи, политичкиот систем е нефункционален, при што партиската поларизација ги отежнува компромисите поврзани за фискалниот дефицит, имиграцијата, енергетската политика и останати клучни прашања кои влијаат на потенцијалниот раст.

Се на се, меѓу развиените економии САД е во најдобра релативна форма, а зад нив следи Јапонија во која абеномијата ја јакне самодовербата. Еврозоната и Велика Британија остануваат во рецесија која се влошува со лошата монетарна и фискална политика. Од економиите во развој, Кина може да доживее нагол пад до крајот на 2014 година, ако дојде до одложување на клучните реформи, а останатите земји на БРИК мора да се откажат од државниот капитализам. Додека останатите економии во развој во Азија и Јужна Америка се покажаа подинамични од земјите на БРИК, нивната сила нема да биде доволна да ја покрене глобалната плима.

За авторот: Нуриел Рубини е професор на Економскиот факултет Стерн во Њујорк и шеф на компанијата Рубини Глобал Економикс. Работел како економист за меѓународни односи во Советот на економски советници на Белата куќа, во време на администрацијата на Клинтон. Работел и за ММФ и Светска банка.

Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница