25 Април, 2024
0.0266

Судот привремено забрани да се продава имотот на „Скопски пазар“

Објавено во: Економија 20 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Времената мерка судот ја донел по барање на Основното јавно обвинителство и тоа со цел да се заштити имотот додека трае постапка во која се осомничени членови на Управниот одбор и на Надзорниот одбор и голем акционер во „Скопски пазар“. Иако времената мерка е на сила, досега оваа ценовно-чувствителна информација не е објавена.

Основниот суд Скопје 1 донесе времена мерка со која забрани продажба (отуѓување) и оптоварување со залози на движен и недвижен имот на „Скопски пазар“, дознава „Фактор“ од судски извори. Ова решение било донесено при крајот на февруари односно пред еден месец и тоа по предлог на Основното јавно обвинителство од Скопје кое води постапка во која се осомничени членови на Управниот одбор и на Надзорниот одбор како и еден голем акционер во „Скопски пазар“.

Решението со кое се забранува отуѓување или оптоварување на своите недвижности и стварни права е заради обезбедување на имотно-правно барање на оштетени кои се акционери во „Скопски пазар“. Судот во решението што е доставено до Агенцијата за катастар на недвижности ставил забрана врз продажба или оптоварување на недвижни имоти на „Скопски пазар“ во: Битола, Кавадарци, Калуѓерица, Охрид, Ресен, во скопските катастарски општини Бутел, Кисела Вода, Маџари, Трубарево, Карпош, Кисела вода 2, Чаир, Драчево, Ѓорче Петров 3, 4 и 6, Центар 1 и 2, Синѓелиќ 1 и Гази Баба.

Освен ова Судот му наложил и на Централниот депозитар за хартии од вредност привремено да замрзне продажба на сопствените акции на „Скопски пазар“, како и на акции што оваа фирма го поседува во: „Комерцијална банка“, „Гранит“, „Македонски телеком“ и во „Стопанска банка Битола“. Воедно забраната се однесува и на приоритетни акции што во сопствен закуп ги има „Скопски пазар“. Привремената мерка забрана, како што дознаваме, е донесена врз основа на член 120 став 1 од Законот за кривична постапка.

Дознаваме дека подносител на пријавата против членови на Управниот одбор и на Надзорниот одбор и акционер во „Скопски пазар“ е компанијата „Современ дом“ која е најголем поединечен акционер во „Скопски пазар“ и поседува 24,8 отсто од акциите, но нема претставник ниту во Надзорниот одбор ниту во Управниот одбор на компанијата. Втор по големина акционер е Тодорка Давитковска, мајка на Сашо Давитковски, која има 11,36 отсто од акциите во „Скопски пазар“. Во сопствен откуп и без право на глас се 11,69 отсто од акциите со право на глас.

Повеќе информации за „Скопски пазар“ може да прочитате на следните линкови:
http://faktor.mk/shto-utvrdi-vonrednata-revizija-na-dilojt-vo-skopski-pazar
http://faktor.mk/kje-stane-li-skopski-pazar-makedonski-agrokor

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија