20 Април, 2024
0.0328

Судот само преку соопштенија ќе информира за мерки на обвинителствата

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Кривичниот суд по големиот број на пристигнати прашања соопшти дека нема намера да влегува во медиумска трка за секоја побарана мерка од било кое обвинителство, вклучувајќи го и СЈО кое од секоја истрага прави јавен спектакл. Затоа судот ќе комуницира само со соопштенија за јавност тогаш кога ќе донесе одредена одлука.

„Во однос на повеќе новинарски прашања кои беа упатени до судот во врска со повикување на сослушување на лица опфатени во истражни и предистражни предмети кои ги води Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), ја информираме јавноста дека со оглед на тоа дека со постапките на СЈО се прават спектакли со кои секојдневно се занимава јавноста преку прес – конференции и телевизиски излагања, а истовремено не се води сметка за пресумцијата на невиност и законитоста на постапките, судот, респектирајќи го дигнитетот на судската власт, нема да учествува во ваков вид на спектакли туку наместо тоа отсега благовремено и прецизно ќе ја информира јавноста за сите донесени одлуки преку соопштенија.

Од тие причини како суд за сите информации поврзани со истражни и предистражни постапки на некое од обвинителствата во Р. Македонија, ве упатуваме да се обратите до странките во постапките, бидејќи судот ги почитува уставно загарантираните права на сите страни во постапките“, соопштија од Основниот суд Скопје 1.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра