СУМАТА ЌЕ ВЕ ЗАЧУДИ: Во оваа земја се воведува помош за трудници
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2018
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, најави дополнителна помош за бремените жени од 3,83 долари месечно.
Тој во своето годишно обраќање на нацијата објави дека бремените жени ќе добиваат месечен додаток од 700.000 боливари. Поради инфлацијата сумата изнесува само 3,83 долари, објави „Си-ен-ен мани“.
По раѓањето на детето, мајките би требало да добијат дополнителни 5,48 долари месечно. Мадуро не ја образложил одлуката и иако станува збор за мала сума, тој добил овации кога ја соопштил.
Граѓаните на Венецуела се соочуват со недостик од лекови, храна, хигиенски средства и други основни намирници.
Еден долар сега изнесува 182.000 боливари. Во ноември долар изнесуваше 41.000 долари.
Лани инфлацијата во Венецуела порасна за 4000%.