24 Април, 2024
0.0272

Суров живот и вечна траума: абортирало 13 годишно девојче откако било силувано

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Пеколни моменти за 13 годишното девојче кое вчера морало да абортира откако забременило при силување. 

Според Европскиот центар за правата на Ромите, ова девојче било подложено на  сексуално злоставување иако поради тешкиот живот морала да биде згрижена во центарот за згрижување „ 25 мај“ каде што требало да го најде својот спокој.

„Девојчето е трауматизирана по постапката на којашто на родителите не им било дозволено да присуствуваат, спротивно на нејзината искажана желба. Надлежните институции не преземале никакви мерки да ѝ помогнат на неа и на нејзиното семејство за да излезат од сиромаштија, ниту пак го признале сопствениот неуспех да ја заштитат малолетничката од сексуално злоставување додека престојувала во државна институција“, велат од ЕЦПР.

Голготата траела долго време..

На 1 март 2017 година, ЕЦПР добиле информација од нејзините родители дека девојчето исчезнало од домот „25 Мај“. „Одговорните лица не го пријавиле нејзиното исчезнување ниту во полиција, ниту на нејзините родители. Според нејзиното сведочење, пред откриеното сексуално злоставување на ромски девојки под државна заштита во Македонија, девојката била принудно земена од страна на постар маж од институцијата, кој со возило ја одвел во неговиот дом во друг град. Таму, таа била принудена на сексуални односи и физичка работа. Успеала да избега по 30 дена и да се качи на автобус за Скопје каде полицијата ја нашла на Бит-пазар“, наведуваат од организацијата.

Како што додаваат од ЕЦПР, „девојчето опишало дека претходно било однесено во „детски летен камп“ во Струга, заедно со други деца од државниот дом за згрижување. Таму, непознат маж сексуално ја злоставувал, пред да биде вратена назад во Скопје. Кога ги пријавила овие злоставувања кај згрижувачите од државната институција, била обвинета дека лаже и дека ги измислува настаните“.

Потоа, како што се наведува во соопштението, девојчето било пренесено во друга државна институција за згрижување „Ранка Милановиќ“ во Скопје, каде открило дека останало бремено како резултат на сексуалното насилство.

По овој настан се јавиле уште две ромски сестри кои исто така биле штитенички во домот и кои исто така биле подложени на вакви пеколни злоставувања.

Врз основа на овие три случаи, ЕЦПР ги поддржува родителите на овие девојки во покренување судска постапка против државниот дом за згрижување деца „25 Мај“, Меѓуопштинскиот центар за социјална работа и Министерството за труд и социјална политика. „Исто така, вложуваме напори сестрите да бидат вратени на нивната мајка, како што е наложено во судската одлука од 26 јануари 2018 год. Центарот за социјална работа одбива да ја почитува оваа одлука на судот и ЕРРЦ поднесе жалба пред Министерството за труд и социјална работа“, наведува организацијата.

„Во најдобар случај, одговорните лица од овој дом за згрижување деца биле небрежни во однос на сексуалното злоставување што се случувало таму, а во најлош случај, тие се соучесници во делото“, рече претседателот на ЕРРЦ, Ѓорѓе Јовановиќ, според кој „овие девојки и нивните семејства се исклучително храбри во нивните напори да ги изведат пред суд одговорните кои дозволиле ова да се случува“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП