20 Април, 2024
0.0295

Сувенири од познатите филмови – замена за пари!

Објавено во: Стил 05 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Зошто одредена слика постигнува огромни цени? Дали е подобро да се поседува ретка слика од Пикасо или од Ван Гог, наместо да се има кеш? Секако дека со парите може да го купите тоа што го сакате веднаш, но верувајте дека одредени предмети некогаш вредат многу повеќе од злато. Луѓето едноставно се спремни да платат многу повеќе отколку што некои работи физички вредат затоа што тие се ограничени или едноставно имаат некоја сентиментална вредност за нив. Во прилог еве неколку такви работи за кои на аукција некои колекционери платите многу пари. Погледнете колку: Белото одело од полиестер на Траволта: Можеби погодувате, се работи за филмот Saturday night fever. Ова одело од полиестер на аукција во далечната 1995 година за неверојатни 145.500 долари Пијаното од филмот Казабланка: Во 1942 година беше продено за 154.000 долари. И еве зошто некогаш ваквите работи вредат повеќе од злато.....Во 2012 година истото пијано беше продено за 602.000 долари. За ваквите работи многу тешко може да дознаете кој бил купецот, но за ова се шпекулираше дека тоа бил актерот Леонардо Ди Каприо. Фустанот од филмот „Појадок кај Тифани“: Го носеше актерката Одри Хепбурн. Овој филм ја зацементира во личност со култен статус во Холивуд. Таков статус се чини дека има и овој фустан на Живанши. Во 2006 година се продаде за 923.187 долари. Скоро еден милион долари за фустан. Со здравје да си го носат. Фустанот на Мерелин Монро: Сигурно ја знаете сцената кога вентилацијата и го подигнува фустанот на оваа култна икона на Холивуд. Но веруваме дека не сте знаеле дека оној кој го поседува, за него платил 4,6 милиони долари. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган