24 Јануари, 2018
0.4311
    ALK 7707.16    0.11%     BESK 9518    -4.73%     FERS 56000    0%     GRNT 830    0%     KMB 3080.48    -1.77%     MPT 28856.12    -0.18%     PPIV 37500    0%     RMDEN13 96    0%     RMDEN16 94.5    0%     SBT 2080    2.97%     STBP 600    0%     STIL 149.79    -2.73%     TEL 284.57    0.55%     TIKV 153    0%     TTK 973.78    2.5%     UNI 1999.2    -0.04%     VITA 7562    7.08%

Сузана Стефановиќ: Синдикалното клопче почна да се одмотува, нема сопирање!

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2017

Состојбата во Сојузот на синдикатите која деновиве ескалираше со вербални и физички пресметки помеѓу членовите на четирите гранкови синдикати  и подржувачите на поранешниот претседател на ССМ, Живко Митревски ја срушија  и најмалата надеж на работниците дека ќе се стави крај на доминацијата на власта на лажните синдикалци кои по секоја цена газејќи ја и својата чест и достоинство не ја напуштаат  фотељата- вели за Фактор, Сузана Стефановиќ,претседателка на  Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО).

Таа пред повеќе од една година предупреди дека ќе се случуваат вакви исклучувања и атак врз гранковите синдикати, откако со една кутија во рацете, раководството на мултиетничкиот синдикат за образование тогаш беше  присилно  исфрлено од просториите на Сојузот на синдикати. Денеска вели го гледа истото сценарио  со кое  се врши атак врз автономноста на гранковите синдикати.

“Кога излегував од зградата на ССМ во една прилика на колегите им реков: Ако на ваков начин се отвори вратата за еден синдикат низ истата ке излезат и други. И тоа и се случи! Ова што се случува во редовите на ССМ  покажува дека за Живко Митревски и неговите подржувачи,  оние кои не дозволуваат да бидат прелажани, оние кои не дозволуваат да бидат продолжена рака на власта, оние кои се спротиставуваат на неговите одлуки стануваат неподобни, непријатели на синдикатот и на државата. Па така непослушните претседатели вешто ги заменува со послушни,  а ако не му успее тоа тогаш синдикатот го исклучува од ССМ”- потенцира претседателката на МЕСО.

Според неа  постапките  се  диктаторски преку  користење на  физичка сила и  влевање  страв. Сето ова како што вели  го делегитимира Митревски  како синдикалец.

“Состојбата во ССМ од поодамна е катастрофална но во последниве денови се претвори во вистинска драма. А уште полошо  е што Митревски како човек стрвен за функција е  без ништо човечко во себе и морално дезориентиран”- вели Стефановиќ.

Мултиетничкиот  синдикат во 2014 беше пратен во мирување уште во декември 2014 година  со синдикална  одлука дека  не е регистриран синдикат.На ова  со приговори реагираше раководството на МЕСО но тие не стигнаа на дневен ред на ниту една седница.

Претседателката Стефановиќ тогаш реагираше дека точката за  исклучување на МЕСО од Сојузот на синдикати не била  ниту ставена  на дневен ред на седница на Советот на ССМ, туку во рамки на точка  “разно”  за што не биле запознаени дел од членовите.

Во  образложението на одлуката што ја добиле  на  барање на Стефановиќ им било наведено дека МЕСО се исклучува бидејќи не доставиле списоци за “репрезентативност“  и зoштонегови членови  учествувале на  протести и зборувале против синдикалното раководство. Претседателката на МЕСО  ги негираше обвинувањата.

“Незнам дали синдикатот  се претвори во профитерство, дали во средство за покажување на сила и моќ.Синдикатот односно ССМ е заробен прелеан во атарот на власта.Но клопчето почна да се одмотува  и неможе да престане”- порачува претседателката на МЕСО, Сузана Стефановиќ.



Можеби ќе ве интересира

Чешка ја порази Македонија, изгубивме шанса за пласман во полуфинале

Чешка ја порази Македонија, изгубивме шанса за пласман во полуфинале

До крајот на 2020 година ќе се воведе државна социјална пензија

До крајот на 2020 година ќе се воведе државна социјална пензија

СОНК најавува радикални мерки ако не се исплатат платите за декември

СОНК најавува радикални мерки ако не се исплатат платите за декември

Синодот на ГПЦ ќе се состанува вонредно за „Македонија“

Синодот на ГПЦ ќе се состанува вонредно за „Македонија“

Случаите Труст, Транспортер и Шпион на СЈО денеска одложени

Случаите Труст, Транспортер и Шпион на СЈО денеска одложени

ПРАВДА, „СЕ ПРАВДА“: Преговорите немаат врска, планиравме само „пеглање“ на техничките работи во Законот за референдум

ПРАВДА, „СЕ ПРАВДА“: Преговорите немаат врска, планиравме само „пеглање“ на техничките работи во Законот за референдум

Избегал од затвор и извршил 23 кражби во Беровско

Избегал од затвор и извршил 23 кражби во Беровско

КОЧАН УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Во три населени места измерени - 10 степени

КОЧАН УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Во три населени места измерени - 10 степени

РАМПА ЗА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ОД ИВАНОВ: Образложение на 14 страници

РАМПА ЗА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК ОД ИВАНОВ: Образложение на 14 страници