28 Март, 2024
0.0490

СВ. ТРИФУН: Некој му се радува друг ќе плаче!

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Со почетокот на закројувањето од денеска на празникот Свети Трифун, и официјално почнува новата лозарска година. Но, оваа нова реколта 2017-та дел од лозарите ќе ја почнат без исплатени субвенции. Во исчекување на формирањето на новата влада, исплатата на субвенции е стопирана. А оој период субвенциите им се најпотребни на лозарите за одржување и инвестирање во лозовите насади.

„Субвенциите за одржување на лозови насади дел не се исплатени, а дел се исплатени. Нас ни се потребни сега тие субвенции ние не можеме да чекаме да се формира нова влада, тоа може и за неколку месеци да биде, то ќе правиме до тогаш?Ако има повторно избори, сега па и локалани избори ќе има, па ќе дојде време за 2017 година да се исплаќаат а ние за 2016-та немаме земено.Тие пари ни се важни, треба да вложуваме, имаме трошоци, ни требаат во тековната година“,Љупчо Аризанов, претседател на Регионалниот сојуз на лозари.

А не само субвенциите, лозарите чекаат и пари за предаденото грозје од 2016-та година.Рокот за исплата на последната рата е утре. Дел од винариите доцнеа и со исплатата на претходните две рати. А дел пак од лозарите сеуште ги чекаат парите за реколтата 2015-та. Во годината што измина родот беше квалитетен, но откупните цени на грозјето останаа на исто ниво како и претходните години.

„Имаме информација дека се прават напори винарката визба „Повардарие“ да ја исплати втората рата за предаденото грозје односно тие 40 отсто.Третата рата визбите треба да ја иплатат утре, до тогаш е рокот.Откупните цени се ниски, беа договорени со винариите, и ние бевме притиснaти од винариите кои се жалеа дека имале залихи, немало добар пласман. Грозјето беше квалитетно. Смедеревката се откупуваше по 11 денари за килограм, а имаше и пониско од оваа цена, исто и за вранецот беше договорено 13 денари за килограм но се откупуваше и по пониска цена.Често пати винариите знаат ида мнипулираат во шеќерните единици.Тие цени се ниски за да ги покрај трошоците што ги имаме. “, вели Аризанов.  

Дополнително годинава поади ниските темератури голем дел од лозјата измрзнаа. Стручен тим во Тиквешијатса  ги анализираше примероците на лозови прачки од шест лозарски региони.Најголем процент на измрзнување брше регистрирано во регионот Фариш и тоа 60 тсто кај сортата „вранец“, додека во понискиот дел во атарот на селото Трстеник измрзнувањето кај „вранецот“ 40 отсто. Од трпезните сорти анализите покажале измрзнување од 40 до 50 отсто кај сортата „афус али“, од 45 до 60 отсто кај „мишел палиери“, 70 отсто кај „рибиер“ и 50 отсто кај сортата „кардинал“. Кај „смедеревката“ која е една од најзастапените сорти во Тиквешијата беше регистрирано измрзнување од 30 отсто, кај „бургундецот“ 25 отсто, сортата „шардоне“ е измрзната од 15 до 25 отсто додека кај сортите „каберне“ и „жилавка“ има најмало измрзнување од 10 отсто, а кај „темјаниката“ измрзнувањето е 25 отсто. Најголем процент на измрзнување има кај сортата „сира“ дури 70 отсто.Доколку при кроењето не се санираат дел од штетите, лозарите очекуваат годинава помало производство.

Некои ќе кројат, некои ќе копачат лозје

Утрешниот ден за дел од лозарите е почеток на новата реколта, но за дел крај на производството на грозје. Дел од лозарите разочарани од состјбата во лозарството, слабата финансиска моќ, го напуштаа производството на грозје и ги копачат лозјата. 

„Десет години ги имав лозовите насади, и секоја година исто, ниски откупни цени за грозјето, скапи репороматеријали, со субвенции се доцни и по цела година. Јас три години не земав субвенции, откако гласно проговорив за состојбата и против владата. Лани не го собрав грозјето го оставив на нивата. Немаше каде да го дадам, никој не сакаше да откупува и се откажав, го оставив. Претходните години го давав грозјето на различни откупувачи, па и на трговците од Албанија. Нема сигурен откуп, го даваме кај ќе стигнеме за без пари. Тоа најмногу не уништи. Јас кренав раце од земјоделството, не ми преостанува ништо освен да го ископачам лозјето“, вели Тони Маринковиќ, земјоделец од Сирково.

Според податоците од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, лани грозје откупувале 52 винарии. Откупени се вкупно 125.257.849 килограми винско грозје невклучуваќи ги количествата од сопственото производство.Од ланската реколта долг по основ на откупено и неисплатено грозје има само „ВВ Гарланд Агрофуд оф Кавадарци“.Поради неисплатено грозје од претходната реколта, лани на две винарии „ВВ Повардарие“ и на „ВВ Гарланд Агрофуд оф Кавадарци“, им беше одземена лиценцата за откуп. Отако „Повардарие“ ги подмирил долговите повторно бил впишан во Регистарот на производители.

Според статистичките податоци 48 илјади земјоделски стопанства живеат од лозовите насади. Проблемите кои со години се провлекуваат од неисплатени субвенции до неисплатено предадено грозје и натаму остануваат болна точка за лозарите, а денешниот за нив среќен ден значи почеток на уште една лозарска година исполнета со калкулации како ќе ги покријат трошоците, дали грозјето навреме ќе им се плати, и крајно дали ќе успејат да остварат пристоен приход за егзистенција.

Т.С


Можеби ќе ве интересира

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра