Добивај вести на Viber
Познатиот светски бренд Сваровски според најавите ќе отвора фабрика во Србија.
„Австриската компанија има намера во јуни да започне со изградба на своја фабрика во Суботица, во која ќе вработи 550 луѓе“, изјавил министерот за финасии на Србија, Млаѓан Динкиќ за Танјуг од Виена, непосредно по разговорите со извршниот потпретседател на компанијата Сваровски Карл Венгер и директорот за стратешки развој за глобални операции Волфган Вифлер.