25 Април, 2024
0.0275

Сведоштво на корисник: Samsung Galaxy S8 е одличен бизнис телефон

Објавено во: Економија 17 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Samsung Galaxy S8 веќе со месеци доминира на пазарот на смартфони како еден од најдобрите мобилни уреди со бројни бенефити за корисниците, од прекрасниот дизајн, иновативниот екран со минимална рамка и за прв пат применет нов сразмер од 18:9 за совршен преглед на содржините, како и многу моќен хардвер. Затоа Фактор направи истражување директно со самите корисници на Samsung Galaxy S8 кои ни ги пренесоа нивните впечатоци од досегашното искуство со овој врвен телефон кој има бројни адути, како за бизнис корисниците за извршување на професионални задачи така и за забава.

Фактор: Како ви се допаѓа новиот изглед на Samsung Galaxy S8 со неговиот голем екран но, многу компактно тело со минимална рамка?

Корисник: Изгледот на Samsung Galaxy S8 е футуристички, со компактна големина која одлично лежи на рака, има достапност до функциите на телефонот дури и ако се користи со една рака. Скенерот за отпечатоци е на задната страна што е огромен плус за брз пристап до телефонот.

Фактор: Што би издвоиле најмногу од софтверот на Samsung Galaxy S8, кои апликации најмногу ги користите?

Корисник: Самиот Android 7 (Nougat) систем е одличен, а како најупотребувани апликации би ги издвоил photo/video editor и document editor.

Фактор: Дали го користите Samsung Galaxy S8 за професионални потреби, како проверка и испраќање мејлови, креирање планови и белешки, користење на календарот за обележување на обврските и поврзување со вашите колеги или соработници?

Корисник: Да, можам да кажам дека како бизнис телефон е одличен, ама нуди и многу повеќе од тоа.

Фактор: Колку сте задоволни од безбедноста на Samsung Galaxy S8 која ја нуди со KNOX?

Корисник: Безбедната папка (Secure Folder) создава приватен, енкриптиран простор на самиот Samsung Galaxy S8 користејки ја заштитната платформа Samsung Knox. Апликациите и податоците преместени во безбедна папка се одделно спакувани на уредот и добиваат дополнителен слој на сигурност и приватност, со што дополнително ги заштитуваат секакви напади. Со што би рекол дека е одлично обезбеден.

Фактор: Издржливоста на батеријата е приоритет за сите модерни корисници кои “зависат” од својот телефон. Какво е вашето искуство со полнењето на Samsung Galaxy S8?

Корисник: Во денешно време батеријата е секогаш проблем кај сите смартфони, па не се издвојува и Samsung Galaxy S8. И покрај тоа што има 3000 mAh, сепак никогаш не е доволно. Голем позитив е брзото полнење на батеријата.

Фактор: Колку често ја користите камерата на Samsung Galaxy S8 и дали сте задоволни со селфи фотките?

Корисник: Секојдневно ја користам камерата. Можам да кажам дека е супер, со правилно сетирање на сцената може да биде дури и подобра (различно корисничко искуство). Добар квалитет на видео исто така. Селфи – не толку многу.

Фактор: Освен за професионални задачи за што друго Samsung Galaxy S8 најмногу ве воодушеви?

Корисник: Gaming искуството. Брзиот процесор, добрата графика и одличниот Infinity екран.

Фактор: Дадете ни некој ваш совет за подобро и поефикасно користење на Samsung Galaxy S8?

Корисник: TouchWiz е преполн со карактеристики, скриени опции и повеќе начини за да се добие тоа што го сакате, па ако добро го проучите и ги подесите опциите со вашите потреби тогаш тоа е од клучно значење за да го добиете најдоброто од вашиот нов мобилен телефон.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст