Светот добива нов вид на гориво-многу е необично и е „лед кој гори“
Објавено во: Свет 20 Мај, 2017
Кина и Јапонија успешно од морското дно извадија замрзнато фосилно гориво познато како „лед кој гори“.
Со тоа е направен чекор поблизу до комерцијална експлоатација на големи светски резерви на тој ресурс.
Кинеската агенција Синхуа јави дека горивото успешно е извлечено од дното на Јужното кинеско море во четвртокот.
Во Јапонија е јавено дека слична успешна операција на бушење е изведена на 4 мај кај полуостровот Шима.
„Лед кој гори“ е замрзната мешавина на вода и природен гас, технички познат како метански клатрат. Се верува дека е едно од најнеобичните фосилни горива на светот, а се наоѓа под дното на морето, пермафростат на Арктикот и под антартичкиот лед.
Експерти велат дека производство на поголем обем не е можно уште многу години и дека ако не се работи исправно би можело да ја преплави атмосферата со гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.