25 Април, 2024
0.0322

Светот ќе остане без кафе?

Објавено во: Стил 07 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Омилениот пијалак на повеќето од две милијарди луѓе, кафето може да престане да се произведува. Тоа го докажаа британските научници од Кралските ботанички градини во Лондон, кои дошле до податоци дека во 2080 година билката „Кафе арабика“, може да изумре поради климатските промени. Истражувачите под водство на доктор Арон Дејвис, направија компјутерска симулација на влијателните климатски промени во источна Африка, каде што расте билката. Тие заклучија дека во наредните 70 години, поради глобалното затоплување може целосно да се уништат местата кои што се погодни за растот на кафето. Според заклучокот доколку јагленот диоксид продолжи да се ослободува со ова темпо, до 2080 година, 65 проценти од површината на која денес расте оваа билка ќе стане несоодветна. Но, постои можност до истата година, да исчезнат дури 99,7 проценти од денешните плантажи за кафе. Проценките на експертите кажуваат дека цветовите на кафето се многу осетливи и кога температурата ќе стане повисока, тие лесно можат да се исушат. Од климатските промени пак е загрозен и квалитетот на билката, бидејќи зрната можат бргу да созрејат, што не е добро.   Дека последиците ќе бидат видливи и на глобално ниво, покажува податокот дека кафето веднаш по нафтата, е најпродаваниот производ во светот, со годишен извоз од 15 милијарди долари. Кафето, според сите показатели е најпопуларен пијалак во светот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти