26 Април, 2024
0.0525

СВЕТОТ НЕСТРПЛИВ: Apple најави премиера на новиот iPhone 8-Ова е датумот кога ќе го видиме!

Објавено во: Стил 01 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Поканите за настанот на Епл на 12 септември им стигнаа на избраните. Иако компанијата не открива што ќе претстави од уреди, се претпоставува дека на јавноста ќе и биде прикажан новиот модел на iPhone 8.

Големи се очекувањата дека новиот iPhone ќе изгледа поинаку од претходните. Предната и задната површина ќе биде од стакло, со OLED панели кои ја подобруваат јачината на бојата и со уште поголем екран. На тој начин ќе прослави десетгодишнина од постоењето на овој уред.

Освен  iPhone  се очекува дека ќе бидат претставени и  iPhone 7s и  7s Plus. Кога се работи за специјалното издание на  iPhone 8, се наведува дека екранот ќе биде сличен на оној на Samsung Galaxy S8. Тоа ќе биде прв ајфон кој поддржува бежично полнење.

Apple исто така ќе го претстави и новиот 4K Apple TV, кој ќе поддржува квалитетни содржини од моменталните модели како и нов Apple Watch. 

Според проценки на аналитичарите, овој модел ќе се продава по цена од 1000 долари, а продажбата на уреди стандардно почнува седум дена по претставувањето.

Настанот ќе биде организиран во Калифорнија.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти