19 Април, 2024
0.0337

Светска банка: Македонија лидер во унапредување на бизнис климата и земја со умерена задолженост

Објавено во: Финансии 18 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Македонија е лидер во регионот во подобрување на бизнис климата, со што создаде можност за привлекување квалитетни директни странски инвестиции и е земја со умерено задолжување. Нејзините економски политики во услови на криза се соодветни. Ризиците за земјата, како и за оние од регионот во најголем дел надворешни, беше истакнато на презентација на  Редовниот економски извештај за југоисточна Европа што денеска се одржа во просториите на Канцеларијата на Светската банка во Скопје.

- Македонија останува лидер во регионот и е рангирана многу високо на 23 место од 185 земји во светот. Таа е добар пример во регионот за други земји кои ова треба да го имаат во предвид и да го следат нејзиниот пример во подобрувањето на деловното опкружување, намалување на пречките за регистрирање компании, за привлекување на инвестиции и за зголемување на растот. Мислам како резултат на тоа Македонија и покрај својата географска континентална позиција и други ограничувања е во можност да привлече високо квалитетни директни странски инвестиции, истакна Жељко Богетиќ главен економист и координатор за економска политика за Западен Балкан во Светска банка.

Богетиќ, кој го презентираше извештајот преку видеоконференциска врска од Приштина, истакна дека Македонија е земја со умерен долг, но како што додаде, и така како и другите земји со умерен или низок степен на задолжување треба да внимаваат и за можноста на негово сервисирање и за одржување на довербата на надворешните инвеститори.

Биргит Хансл, тим лидер од Светската банка за Македонија смета дека економските политики на Владата се соодветни на условите на криза.

- Во Македонија веќе има тековни реформи на делот на социјалната заштита и начините како таа да се насочи на најранливите категории. Тоа е еден аспект кои што ние преку нашите гаранции го поддржавме. Ова е еден начин на кој што можат да се поддржат односно заштитат луѓето во услови на криза. Буџетскиот предлог за наредната година поддржува зголемување на делот на социјалната заштита, рече Хансал одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на регионалната презентација.

Општо земено, додаде таа, нашите предлози како да се трошат драгоцените фискални ресурси во услови на криза е тие да се инвестираат во капитални расходи кои се продуктивни во иднина како што се инфраструктура, енергетика... бидејќи тие на среден рок го поттикнуваат растот во една земја.

- Меѓутоа со оглед на фактот дека во период на криза постојат одредени делови од населението кои се поранливи и повеќе страдаат ја поддржуваме Владата во насока на зголемување на мрежата на нивната социјална заштита преку различни мерки како зголемување на ефикасноста на трошењето во тој дел, истакна Хансл.

Во врска со ефтиното задолжување што треба Македонија да го добие од Светската банка, а на кое се спротивствува македонската опозиција, Хансл нагласи дека тој е доказ за добра политика и одржливоста на долгот во Македонија.

- Нашата буџетска поддршка следи доста строга проценка на макро рамката, а нашата проценка е дека таа, како и одржливоста на долгот е соодветна. За на нашиот борд на директори му препорачавме да ја одобри ваквата поддршка. Таа ја поддржува европската агенда, а и помага на Македонија и да биде поконурентна во однос на нејзините регионални конкуренти, рече Хансл.

Светска банка предвидува раст од 1 процент за Македонија за наредната година. Таа проценка, вели Хансл, е намалена за сите земји во регионот, пред се поради лошите надворешни влијанија.

- Нашата проценка е намалена за сите земји во регионот од планираните два на сега презентираните 1,6 посто раст. Да го намалиме предвидувањето за раст во Македонија за еден процент. Тоа е резултат на очекувано пониско ниво на извоз, иако Македонија е успешна во привлекувањето на странските инвестиции кои можат да го унапредат односно зголемат извозот, а со тоа да го зголемат и растот економијата на земјата, рече таа.

Според неа, доколку се промени надворешната средина предвидувањето за раст може да биде поголемо наредната година.

Можеби ќе ве интересира

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“