19 Април, 2024
0.0740

Светската економија и алуминиумот

Објавено во: Анализа 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Со компанијата АЛКОА традиционално започнува сезоната на објави на квартални резултати на американските компании.  Компанијата е трет најголем производител на алуминиум во светот и има операции во вкупно 31 земја на планетата. Со оглед на тоа што нејзините производи се користат во огромен број на индустрии (градежништво, авионска индустрија, пијалоци итн) податоците кои ги презентира компанијата покажуваат многу за генералната ситуација на економијата во светот. Секој квартал АЛКОА доставува исклучително квалитетен сет на податоци за побарувачката на нејзините производи и на алуминиумот генерално. За жал проекциите за раст на побарувачката на алуминиум беа намалени, па така претходната проекција за раст на побарувачката од 10%, денеска е сведена на планиран раст од 6%. Ова, меѓу другото е една од причините поради што повеќе институции ги намалуваат проекциите за раст во светот. Сепак позитивното е што иако со намалено темпо, растот продолжува. Кина, останува да биде доминантна во побарувачката. Најголемата земја на светот по население планирано е да потроши скоро половина од светското производство. Во продолжение погледнете ги двата одлични слајда од АЛКОА за состојбата со побарувачката на алуминиум во светот: Р.Ф.  

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!