24 Април, 2024
0.0274

Светски медиуми: Бугарите ja избраа Европа пред Русија

Објавено во: Балкан 27 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Резултатите на изборите во Бугарија ја потврдуваат желбата на Бугарите да бидат дел од Европската унија и НАТО, наместо да одржуваат потесни врски со Русија. Околу ова мислење се здружуваат светските медиуми во коментар за одржаното во неделата парламентарно гласање.

Изборите во Бугарија изгледа се разочарани од рускиот претседател Владимир Путин, кој се обиде да ги искористи поделбите во ЕУ, за да се зајакне влијанието на Русија, особено во земја како Бугарија, која беше еден од најблиските сојузници на Советскиот Сојуз, коментира New York Times.

Поранешниот премиер на Бугарија е на пат да се врати на власт, откако неговата десноцентристичка партија победи со мала предност спорните избори. Тоа е знак дека Бугарите се уште ја гледаат својата иднина во Европската унија, пишува американскиот весник.

Социјалистите, кои се изјаснија за поблиски врски со Русија и се изјаснија дека ќе го блокираат продолжувањето на санкциите на ЕУ против Кремљ, не можеа да ги убедат доволно избирачите дека се најдобрата алтернатива и признаа поразот, наведува весникот.

Ако официјалните резултати ја потврдат победата на ГЕРБ, тоа ќе значи поддршка за зачувување на европскиот идентитет на Бугарија, пишува AP.

Поранешниот премиер прогласи победа и рече дека има подготвеност брзо да формира влада. Борисов сака Бугарија, која е членка на ЕУ и НАТО, да остане цврсто поврзана со западните сојузници, посочуваат агенциите.

Борисов ќе има стабилизирачка улога

За некои избирачи Борисов ќе има стабилизирачка улога и нема да се отуѓи ни од Русија, иако претходната влада го поддржуваше членството во ЕУ и НАТО и санкциите против на Кремљ.

Во кампањата Борисов рече дека е за прагматични врски со Москва, поволни и за двете страни, и се спротивстави на флотите на НАТО во Црното Море, стравувајќи дека тоа би можело да ја налути Москва, пишува во заклучокот New York Times.

Москва сигнализираше дека ако социјалистите дојдат на власт, Русија ќе го обнови проектот „Јужен поток“ за испорака на руски природен гас на Европа во бугарското црноморско пристаниште Варна, пишува Financial Times.

Весникот истакнува и за друг знак - за продолжување на проектот за изградба на нова нуклеарна централа во Белене, на што Борисов се спротивставуваше во минатото.

Во кампањата за овие трети парламентарни избори во последните 4 години доминираа меѓународни теми - тензиите со Анкара и руското влијание, заедно со внатрешните проблеми, кои ги загрижуваа избирачите - ендемската корупција и нискиот животен стандард во најсиромашната земја од ЕУ, коментира AFP.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“