СВЕТСКИ ПАТНИК: Оди таму каде не смее
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2017
Германецот Коља Спори патува по светот, но за разлика од другите кои се воодушевуваат на Токио или Њујорк, тој патува во Чеченија или Сомалија.
Во интервју за BBC вели дека сака да патува на места кои се зона на конфликт.
Тој е авантурист, син на таен агент кој е роден во Германија, а живее во Монако.
Смета дека Западот сака некои места во светот да ги претстави како страшни.
Иако живее во Монако, кога ќе слушне лоши епитети за одредени земји се пакува и оди таму.
Раскажува дека секоја земја е достапна за светските патници, ако ги прават вистинските чекори.
„Морате да бидете свесни и да ги избегнувате вистинските опасности. Бев во Бенгази, во Доњецк по нередите, во Авганистан и главниот впечаток ми е дека животот е нормален ако избегнуваш фронт“ - вели Германецот.
Вели дека е одушевен од места како Грозни, Чеченија, Судан, Иран, Таџикистан.