19 Април, 2024
0.0391

Светското производство намалено, цените на вината ќе растат

Објавено во: Агробизнис, Свет 02 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Оваа година поради лошите временски услови и слабата берба на грозје, се очекува драстично намалување на производството на вино на глобално ниво. Според проценките на Меѓународната организација за лозарство и винарство, вакво намалување на производството на вино не е забележано во последните 30-тина години. Најмногу се погодени винарските визби во Аргентина, каде што бербата на грозје е намамлена за 24 отсто во однос на минатата година. Ништо поразлична не е состојбата и двете традиционално најголеми земји производители на вино, Италија и Франција. Меѓународната организација за лозарство и винарство, единствено во Америка предвидува раст на производството на вино за 7 отсто. Минатата година производството на вино на светско ниво изнесувало 265 милиони хектолитри вино, додека оваа година се очекува производството да биде намалено на околу 250 милиони хектолитри вино. Ваквото производство нема да ги покрие светските потреби за вино, особено во дел од државите каде што потрошувачката за овој производ континуирано расте, па затоа очекувањата се дека ќе има зголемување на цената на виното.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари