29 Март, 2024
0.0279

Т-Мобиле и УНИЦЕФ ќе отворат дополнителни Центри за ран детски развој

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Фондацијата Т – Мобиле за Македонија и УНИЦЕФ ќе отворат дополнителни Центри за ран детски развој во заедниците каде тие се најпотребни. Центрите за ран детски развој кои ќе се отворат преку ова партнерство се базираат на пилот – модел од УНИЦЕФ. Истите беа формално признаени со последните промени во Законот за детска заштита и се најрентабилна алтернатива на градинките. Тие најдобро ги опслужуваат заедниците во кои не постојат градинки, како што се руралните средини и маргинализираните заедници. -Фондацијата Т – Мобиле за Македонија и УНИЦЕФ имаат иста цел – сакаме да го подобриме квалитетот на животот за децата, особено оние од социјално загрозени средини, и преку ова партнерство планираме да го постигнеме токму тоа“, изјави денеска Леа Липша, директор на Фондацијата. -Првите пет години од животот се најважни за детскиот развој и имаат долгорочни последици.Во текот на првите пет години од животот, мозокот најбрзо се развива и научно е докажано дека децата кои посетуваат висококвалитетни програми за ран детски развој постигнуваат подобри резултати во училиште и има поголема веројатност тие подобро да напредуваат во животот“, истакна денеска Шелдон Јет, претставник на УНИЦЕФ. Имајќи ја предвид структурата на постојниот систем, само 43 од сите општини имаат градинки, а 90 отсто се наоѓаат во урбаните средини, главно во Скопје. Само шест отсто од децата кои живеат во руралните области, учествуваат во програмите за ран детски развој. Во овие програми нема скоро воопшто деца од најсиромашните домаќинства. Фондацијата Т – Мобиле ќе донира најмалку 50.000 долари за отворање на овие дополнителни центри, а наскоро ќе почне и големата кампања за собирање на средства за отворање на центрите.

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија